Ирина Дишовска: „Шокот од промената на животот по породувањето ми се виде како планина која нема да ја искачам“
- Детали
- петок, 20 октомври 2023
„Чувството на љубов за мојот син ми го покори срцето како никој досега, но пожртвуваноста на оваа божествена работа, односно улогата да се биде мајка, навистина е тешка“, вели Ирина Дишовска Камилоска и открива што ѝ помогнало во овој период.
Ирина Дишовска Камилоска е планинарка, која периодов ужива во благодатите на мајчинството, но и отворено говори за тешката страна на оваа улога, како и за тоа што на неа ѝ е издувен вентил.
Таа организираше група мајки со кои најмалку еднаш неделно оди на Водно.
Нејзината објава на темата гласи:
„Мајките со бебенца на Водно е мојата причина што се будам со насмевка наутро.
Постпородилниот период сигурна сум дека е тежок за сите мајки. Шокот од целосната промена на животот, на секојдневието, на фокусот и на дотогашната рутина е планина која што за првпат во мојот живот ми се чинеше дека нема да ја искачам.
Тоа е сила што влијаеше на мојата енергија, мотивација, на сонцето што го носев во себе.
Чувството на љубов за мојот син ми го покори срцето како никој досега, но пожртвуваноста на оваа божествена работа, односно да се биде мајка, навистина е тешка.
Мојот постпородилен шок, за среќа, траеше кратко. А тоа е така заради приказната која заеднички ја создадовме преку нашите неколкучасовни дружби на Водно, еднаш или двапати во неделата.