Ирина Дишовска: „Шокот од промената на животот по породувањето ми се виде како планина која нема да ја искачам“
Вие, скоро 20-тина мајки со бебенца, кои ми дадовте поддршка и ми се придруживте на иницијативата, и јас, која не бев ни свесна колкава придобивка ќе биде тоа за нас, но и за нашите бебенца.
Нашите искачувања на Водно понекогаш се прошетки во парк, понекогаш се седенки по дома, а на зима имам фантастична идеја со какви активности ќе го минуваме времето заедно и една на друга ќе си бидеме силата што понекогаш ни недостасува.
Мајки мои, ви благодарам што ми дојдовте во животот и што несвесно направивте промена со која мене ме вративте на самата себе.
Меѓусебно си помагаме да бидеме најдобри верзии од себе, за нас, за нашите фамилии, за нашите деца.
Ваша сум, а вие мои!“
Прочитајте и Ирина Дишовска за мајчинството: „Се породив лесно во Државна болница, го искачив Водно 2 дена претходно, не ми се појавија стрии“
С. С. | Црнобело