Миа Костова ужива во Дубаи - пустинско сафари, величествен поглед од Бурџ Халифа и Тијана игра качена на столче
- Детали
- петок, 20 октомври 2023
Од сафари во пустина, преку луда забава во познат ресторан, аквариум со ајкули во најголемиот трговски вентар во светот „Дубаи мол“, до посета на највисоката кула - Бурџ Халифа, Миа Костова ужива на патувањето во Дубаи со Тијана, синот Андрија и пријателката Илина...
Миа Костова ужива на патувањето во Дубаи, каде што е во друштво на својот син Андрија, Тијана Скулиќ и нејзината долгогодишна пријателка Илина Поп-Христова.
Само неколку часа откако пристигнаа во Дубаи, тие беа на сафари во пустина. Се фотографираа на зајдисонце, седнати на дините во кафеаво-црвениот пустински песок.
„И едноставно така...“, напиша Миа на една од фотките што ги објави на Инстаграм.
По пустинското сафари, тие беа и на вечера со музика во познатиот ресторан Verde, каде што имаше шоу со танчарки, а највесела беше Тијана, која во еден момент се качи на столче, понесена од музиката и почна да игра.
„Кај мене е 2:40. Денес се преморивме, ама тоа не значи дека немам спремно видео“, напиша Миа на Инстаграм.
Тие објавија и неколку фотки од хотелот во кој се сместени, погледот кон центарот на Дубаи, но и од посетата на Бурџ Халифа, највисоката кула во светот, која има 163 ката.
Миа не криеше дека е воодушевена дури и од лифтот, кој води до 124-тиот кат, каде што се наоѓа платформата која ја посетуваат туристите.
Таа сподели фотки од лифтот, но и од величенствениот поглед од кулата.
Го посетија и аквариумот со ајкули, кој се наоѓа во еден од ходниците на најголемиот трговски центар во светот, „Дубаи мол“, од каде што објавија видеа.