Александра Шијакоска во смел кожен аутфит на ревија во Белград, покрај најпознатата српска модна инфлуенсерка
- Детали
- четврток, 19 октомври 2023
Кој е победникот во овој „моден двобој“? Нашата Александра Шијакоска и Дуња Јованиќ од Србија се појавија во впечатливи модни изданија на ревија во Белград.
Пред извесен период, инфлуенсерката Александра Шијакоска присуствуваше на регионалната промоција на парфемот Sì на Giorgio Armani, што се одржа во Загреб. Таа беше дел од големиот моден настан, на кој присуствуваше и хрватската водителка Николина Пишек.
Сега, таа повторно беше дел од моден настан, овојпат во српската престолнина.
Александра присуствуваше на модна ревија на брендот „Mona“ во Белград.
За оваа пригода таа се одлучи за смел кожен аутфит со црвени хулахопки и чевли.
На истиот настан се појави и најпознатата српска модна блогерка Дуња Јованиќ, која се одлучи за син градник од тантела, панталони со дезен и кожена јакна.
Модниот „двобој“ на двете инфлуенсерки:
С. С. | Црнобело