Тамара Тодевска му направи крштевка на синот Дарен, ракометарот Дејан Манасков му е кум
- Детали
- среда, 18 октомври 2023
„Крстено дете“, напиша Тамара Тодевска и објави неколку фотки на Инстаграм од крштевањето на синот. Кум на Дарен е ракометарот Дејан Манасков, кој е долгогодишен пријател на пејачката.
Пејачката Тамара Тодевска направи крштевка за синот Дарен, кој наскоро ќе полни 5 години.
Крштевката беше во црквата „Св. Јован Крстител“ во населбата Капиштец во Скопје.
Кум на Дарен е ракометарот Дејан Манасков, кој е долгогодишен пријател на пејачката.
„Крстено дете“, напиша Тамара и објави неколку фотки на Инстаграм.
Таа доби честитки од своите следбеници на социјалните мрежи, кои му посакаа многу среќа на Дарен.
Дарен е роден на 12 декември 2018 година.
Тој е помалото дете кое Тамара го има од бракот со поранешниот сопруг Александар Димитровски.
Тие ја имаат и ќерката Хана, која е родена на 29 април 2016 година.