По Дејвид Бекам и македонски дизајнер се огласи дека шета во влечки и чорапи (фото)
- Детали
- среда, 18 октомври 2023
Дизајнерот Златко Јовановски, го обожава трендот на носење влечки со чорапи, исто како и еден од најпознатите светски фудбалери, Дејвид Бекам.
Модниот дизајнер Златко Јовановски, кој има е интересен и впечатлив стил на облекување, на својот профил на Инстаграм, им упати порака на оние кои го критикуваат неговиот начин на облекување, поконкретно, комбинацијата на влечки со чорапи.
Златко, кој во јавноста е познат и како ЈЗЈ, објави фотка од Дејвид Бекам, на која, славниот фудбалер, исто така е во јавност со влечки, искобинирани со бели чорапи, а не на боса нога, како што ги носат скоро сите.
„Следен пат кога ќе ме видите и мене во отворени влечки и чорапи, сетете се дека и Дејвид Бекам носи исто така“, напиша Златко.
Дизајнерот објави и колаж фотографии, на кои е во чорапи со влечки, а фотките се направени на неколку дестинации, меѓу кои и во Венеција и Милано - светските центри на модата.
Една од фотките е и од неговото ателје кое се наоѓа во Тетово, од каде што и потекнува тој.
„Не е само Дејвид Бекам во чорапи и влечки“, додава Златко.