Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја гледав тезгата на чичко Драги“

„Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниманието ми го привлекуваше тезгата на чичко Драги. Кога ќе дојдеше сонцето до неа сите ланчиња светкаа. Пред некоја година тој имаше операција и повеќе не може да зборува. Се разбираме со ливчиња. Сега ме замоли да му помогнеме, што за него храна, што за кучињата или купете нешто од неговата тезга“, напиша Тина Алексовска.

chichko-dragi-od-rekord-zamoli-da-mu-pomogneme-malku-hrana-za-nego-i-za-kuchinjata-objavata-na-tina-aleksovska-stana-viralna-i-gi-sploti-skopjani-01.jpg

Пејачката Тина Алексовска, која живее во строгиот центар на Скопје, во Фејсбук групата „Стари скопјани“ ја раскажа приказната за чичко Драги, човекот кого го познава од дете, а кој долги години има тезга на Рекорд и продава разни дребулии за да преживее.

Тина објави неколку фотки од чичко Драги и побара помош од хуманите луѓе да му помогнат на старецот, или со храна за него и за кучињата за кои се грижи, или да купат нешто од неговата тезга.

chichko-dragi-od-rekord-zamoli-da-mu-pomogneme-malku-hrana-za-nego-i-za-kuchinjata-objavata-na-tina-aleksovska-stana-viralna-i-gi-sploti-skopjani-05.jpg

Нејзината објава стана вирална и ја споделија многу луѓе, со надеж дека чичко Драги ќе добие помош.

Објавата на Тина гласи:

„Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниманието ми го земаше тезгата на чичко Драги која беше во пролазот каде што е сега Министерство за правда.

Кога ќе дојдеше сонцето до тезгата сите ланчиња светкаа.

Во тоа време чичко Драги продаваше многу убави работи.

chichko-dragi-od-rekord-zamoli-da-mu-pomogneme-malku-hrana-za-nego-i-za-kuchinjata-objavata-na-tina-aleksovska-stana-viralna-i-gi-sploti-skopjani-03.jpg

Годините си поминуваа, тој остана на Рекорд.

Имаше денови кога трчав да видам дали му е добро.

Пред некоја година, во најголемиот снег, ми кажаа дека е на операција на Одделот за уво, нос и грло, па зедов такси и го побарав.

Налетав на доктор кој го познавам и ми тој ја покажа собата на Драги. Па, тој кога ме виде, почна да плаче, почна да ми покажува со раце дека го оперирале и дека повеќе не може да зборува.

Поминуваа годините, со ливчиња се разбиравме, ми пишуваше што му треба.

chichko-dragi-od-rekord-zamoli-da-mu-pomogneme-malku-hrana-za-nego-i-za-kuchinjata-objavata-na-tina-aleksovska-stana-viralna-i-gi-sploti-skopjani-04.jpg

Денес, поминав да го видам, бидејќи си заминувам за Германија.

Ме замоли да му помогнете, што за него помека храна, што за кучињата или купете нешто од неговата тезга.

Секој ден е на Рекорд до 12:00 часот“, напиша Тина.

chichko-dragi-od-rekord-zamoli-da-mu-pomogneme-malku-hrana-za-nego-i-za-kuchinjata-objavata-na-tina-aleksovska-stana-viralna-i-gi-sploti-skopjani-06.jpg

Нејзината порака доби големо внимание, па многу пријатели на Тина ѝ напишаа дека ќе ја посетат неговата тезга и ќе му однесат храна, а други прашаа дали има сметка на која можат да уплатат пари.

„Баш минатата недела бев кај него, оставив донација за куќињата и си купив нешто. Многу добар човек со огромно срце. Си правевме и муабет 30 минути, на ливчиња ми пишуваше.

Се надевам ќе успееме да ја рашириме заедно сите приказната за чичко Драги и да помогнеме“, стои во еден од коментарите.

chichko-dragi-od-rekord-zamoli-da-mu-pomogneme-malku-hrana-za-nego-i-za-kuchinjata-objavata-na-tina-aleksovska-stana-viralna-i-gi-sploti-skopjani-02.jpg

chichko-dragi-od-rekord-zamoli-da-mu-pomogneme-malku-hrana-za-nego-i-za-kuchinjata-objavata-na-tina-aleksovska-stana-viralna-i-gi-sploti-skopjani-07.jpg

Прочитајте и Тина Алексовска по операцијата на отворено срце: „Заради резот на телото, мислев никој веќе нема да ме сака - по 8 месеци го запознав сопругот“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg