Миа Костова - смртта на баба ѝ, Агнеса Органџиева - злобните коментари за разводот: Што ги повредило најмногу познатите?

„Најсилно допре до мене смртта на баба ми пред неколку години. И бев свесна дека не ја гледав доволно, а толку многу нè бараше и мене и Андрија. Ама, некако живеев со идејата дека баба Љубица ќе биде вечно жива. Многу ме повреди нејзината смрт, до ден денес не сум ја надминала“, вели Миа Костова.

bliskite-me-zaboravija-koga-bev-vo-bolnica-shto-gi-povredilo-najmnogu-makedonskite-javni-lichnosti-01.jpg

Инфлуенсерките Миа Костова и Агнеса Органџиева, музичарите Бени Шаќири, Ивона Јо и Даниел Данн, но и новинарите Ване Маркоски и Зоки Фаци ни открија што ги повредило најмногу во животот.

Едни велат тоа биле лажните пријатели, луѓе во нивната околина, но и злобни коментари од луѓето што не ги знаат. Други, пак, најмногу ги повредила загубата на некој близок.

За тоа што ги повредило најмногу, како го надминале тешкиот период, но и кој им бил најголема поддршка кога им било најтешко, раскажаа за CRNOBELO.com:

Миа Костова

Најсилно допре до мене смртта на баба ми пред неколку години. И свесна бев дека не ја гледав доволно, а толку многу нè бараше и мене и Андрија. Ама, некако живеев со идејата дека баба Љубица ќе биде вечно жива.

Многу ме повреди нејзината смрт, до ден денес не сум ја надминала и сакам да верувам дека не е така.

Поддршка имам секогаш од најблиските, но често знам да си се расплачам и неколку години подоцна.

Луѓе и ситуации тешко ме повредуваат. Можеби затоа што од многу млада функционирам со многу луѓе, па некако не ме изненадуваат ничии реакции и потези.

bliskite-me-zaboravija-koga-bev-vo-bolnica-shto-gi-povredilo-najmnogu-makedonskite-javni-lichnosti-05.jpg

Бени Шаќири

Не можам да се „пофалам“ дека сум бил многу повреден во животот.

Се разбира, дека има одредени удари, и ги прима човек од време на време од страна. Но, прво зависи од кого се, а потоа зависи колку е човек жилав и колку може да се носи со тие удари. Во овие години не можеш многу да ме изненадиш со некој удар, па за што сака нека се работи.

Имало низ годините некои работи, но не толку силни за да се сеќавам на нив.

Но, секогаш е тоа од некој близок човек. Само блискиот може да ти нанесе удар.

Оние што ги држиш по страна, на дистанца и со кои имаш изградено однос со некаква бариера, тие не можат да ти пријдат, ниту да те повредат.

Се чувствувам на некој начин и привилегиран затоа што немам доживеано некој голем удар, без разлика дали се работи за поранешна љубов или поранешен другар.

bliskite-me-zaboravija-koga-bev-vo-bolnica-shto-gi-povredilo-najmnogu-makedonskite-javni-lichnosti-02.jpg

Ивона Јо

Најмногу ме повреди тоа што не си верував самата на себе дека можам многу порано да ја работам работата за којашто сум создадена.

Што верував дека од музика живеат само оние кои имаат многу контакти и конекции. Што не ѝ верував доволно на музиката уште од мала - кога се појави во мене од нигде-никаде.

Како го надминав тој период? Работев на себе затоа што чувствував дека не ја живеам својата вистина и дека треба да ја откријам за да не ја мачам сè повеќе мојата душа.

Имав многу соочувања, многу предизвици, многу откажувања, за да на крајот дојдам до моментот каде што дишам и го уживам своето постоење.

Најголема поддршка цел мој живот се мајка ми, баба ми, татко ми, а во новиот живот - Тамара.

bliskite-me-zaboravija-koga-bev-vo-bolnica-shto-gi-povredilo-najmnogu-makedonskite-javni-lichnosti-07.jpg

Уште 4 познати личности на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg