Светлана и Мики Црнокрак, среќни и заљубени, прославија 26 години во брак
- Детали
- среда, 11 октомври 2023
Со фотографија од денот на свадбата од 1997 година, Мики Црнокрак откри дека слави 26 години во брак со сопругата Светлана.
Најпопуларниот манекенски пар кај нас, Светлана и Мики Црнокрак, денес (11 октомври) слават 26 години во брак.
Мики на својот профил на Фејсбук сподели две фотографии.
Едната е од денот на нивната свадба, далечната 1997 година, и една направена на нивната 20-годишница од свадбата, во 2017 година, каде што Светлана позира со црвена роза и во рацете држат подарок - карикатури со нивните ликови.
Под двете фотографии тој напиша само „26“ и откри колку долго се во брак со Светлана, па доби бројни честитки од пријателите и следбениците на Фејсбук.
Мики и Светлана важат за еден од најубавите парови кај нас. Тие се запознале во времето кога и двајцата ја почнуваа својата модна кариера и оттогаш се заедно.
Имаат две ќерки, Моника (24) и Нина (11), кои тргнаа по стапките на своите родители.
Па, така, Моника во март 2023 беше избрана за Мис Фотогеничност на Европа на натпреварот што се одржа во Либан.
Нина, пак, беше избрана за Little Miss Planet 2023 на изборот што се одржа во Бугарија.
Прочитајте и Мики и Светлана, Силви и Влатко – Кои македонски парови имаат најдолга љубовна приказна?
A. J. | Црнобело