Другарките ја расплакаа Миа Костова за роденденот: Тамара Тодевска се криеше под маса + црна торта
- Детали
- понеделник, 09 октомври 2023
„Фала ви од срце, но лута сум ви за пулсот 150“, напиша Миа Костова која откри дека пријателите ѝ подготвиле незаборавно изненадување за 39-тиот роденден.
Инфлуенсерката Миа Костова денес (09 октомври) го слави 39-тиот роденден, а најблиските пријатели ѝ приредија вечера изненадување во познат скопски ресторан.
Пред Миа да влезе во ресторанот, тие се сокрија за да не ги види. Па, така, Тамара Тодевска се скри под маса, а Сергеј Варошлија објави видео како таа се крие и со прстот му покажува да молчи.
Откако Миа влезе во ресторанот, пријателите почнаа да ѝ пеат Happy Birthday и ја разнежнија, а таа се расплака од среќа.
И гостите објавија фотки и видеа од изненадувањето, па открија дека забавата е во црно-црвена боја, а дека за славеничката порачале црна торта со црвени рози.
И Миа сподели дел од атмосферата од вечерата на својот Инстаграм.
„Фала ви за изненадувањето, но лута сум ви за пулсот 150“, напиша таа на една од фотографиите.
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм стори