Ивана Кнез емотивна за починатиот татко: „Не бевме во добри односи, не се разделивме со убаво, немав шанса да му кажам дека го сакам“
- Детали
- понеделник, 09 октомври 2023
„Пред 9 години, кога почина татко ми, по неговиот погреб објавив единствено ‘Љубов, многу малку време ти даваме’. Не се разделивме со убаво, не си дадовме шанса за да поправиме и немав шанса да му кажам дека му простувам и дека барам прошка за сè што си згрешивме. И немав шанса да му кажам дека го сакам“, вели дизајнерката Ивана Кнез.
Модната дизајнерка Ивана Кнез постојано изненадува со своите креации. Овојпат таа сподели фотка со маичка од нејзина колекција со натпис „Љубов, многу малку ти даваме“.
Објавата ја посвети на својот починат татко, а со кого не била во добри односи.
Сега, преку еден од своите дизајни, Ивана ја раскажа приказната за несогласувањата со него, но испрати и моќна порака до сите да шират љубов и да не се плашат да им простат на блиските, да побараат прошка и да им кажат дека ги сакаат.
„Пред 9 години, кога почина татко ми, единствено нешто коешто го објавив по неговиот погреб беше ‘Љубов, многу малку време ти даваме’.
Не се разделивме со убаво, не си дадовме шанса за да поправиме и немав шанса да му кажам дека му простувам и дека барам прошка за сè што си згрешивме. И немав шанса да му кажам дека го сакам.
Со ова што го работам, и со тоа што работам на себеподобрување, се надевам дека некому ќе му дадам инспирација да не ги губи шансите за љубов, во било која форма и да е.
Без разлика дали е дете или родител, партнер или и милениче, гушкајте се, сакајте се, чувајте се, бидејќи еден единствен миг, една единствена минута може да ви земе сè што не сте ни свесни колку ќе ви недостасува.
Љубов, сега ти го давам цело време на светот, ти се давам јас. Ќе грешиме, ќе се сопнуваме и ќе паѓаме заедно, но важно ќе се дочекаме повторно на нозе, гушнати и со крената глава“, вели познатата модна креаторка.
А. Ј. | Црнобело