Кошаркарката Едина Муса на одмор во Африка – Позира во бикини и покажа како изгледа животот на локалците (фото)
- Детали
- вторник, 10 октомври 2023
„Жена која шета со мал ладилник на главата, маж кој се шета бос, преслатката насмевка на децата од локалното население“ – кошаркарката Едина Муса сподели повеќе фотографии од нејзиниот одмор во Африка.
Нашата кошаркарка Едина Муса во изминатиот период престојува во државата Зелен 'Рт (позната и како Кабо Верде), Африка, од каде објавува фотографии од деновите поминати на плажа, но и низ улиците на африканската држава.
Едина на фотографиите позира во црно бикини покрај плажа, но ја користи можноста и да позира со дечиња од локалното население, како и да ни долови како изгледа нивното секојдневие.
Фотки од локалци кои подготуваат месо на дрвените даски на пристаништето, од рибарите кои во кофи го носат уловениот плен, од млад човек кој бос чекори на улица додека гледа во мобилниот телефон, жена која оди на улица и на главата носи ладилник...
„Африка, каде што туѓото вообичаено станува твое извонредно“ – напиша таа до фотките.
Освен тоа, таа ни покажа дека имала можност да посети и едно засолништата на брегот на Зелен 'Рт, наменето за положување јајца на морските желки.
„Во оваа држава е илегално да ги повредите овие животни“ – појаснува таа.
Инаку, освен од животот, Едина сподели неколку свои фотки како во бикини ужива на плажа, и покажа зошто важи за една од најубавите македонски спортистки.
Погледнете повеќе фотки во продолжение: