Антониа Гиговска - „тетка со минивал“, Јанг Дади - „бубалица“: Македонците го прифатија Инстаграм трендот и се вратија во ’80-тите
- Детали
- среда, 11 октомври 2023
Музичарите Јован Јованов, Антониа Гиговска, Јанг Дади, шминкерот Даниел Николовски и инфлуенсерката Марис Џолин се само дел од Македонците кои не му одолеаја на светскиот тренд и објавија фотки на кои покажаа како би изгледале во минатиот век.
Еден од најголемите трендови на Инстаграм во моментов се фотките направени со апликацијата Epik со која ќе изгледате како да сте се вратиле назад во времето, и тоа во 1970-тите и 1980-тите години.
На фотографиите можете да го изберете својот виртуелен лик – да бидете спортист, рок ѕвезда, домаќинка, „бубалица“ во библиотека, научник со награда, „тетка со минивал“... Изборот е неограничен.
Овој тренд ја зафаќа и Македонија, а веќе го испробаа и неколку познати Македонци, кои ги споделија фотките на своите Инстаграм профили.
Најмногу фотографии објави миленикот на тинејџерките Јанг Дади.
Тој на Инстаграм сподели фотки на кои е научник, спортист, „бубалица“, рапер, модел...
https://www.instagram.com/p/CyGQx9ptYbi/
https://www.instagram.com/p/CyEQ7g7Lmug/