Барби трендот и кај нас: Наша поранешна водителка направи розова фотосесија со ќерка на пријатели
- Детали
- петок, 06 октомври 2023
„Со Ирис, ќерка на мои пријатели, сакавме да минеме типично женски ден заедно, па бевме на фризер, шминкање и направивме фотосесија заедно обоена во розово, со оглед на тоа што социјалните мрежи се преплавени со Барби трендот“, вели за CRNOBELO.com Даниела од Скопје, која живее во Дубаи и е мајка на два сина.
Даниела од Скопје е дипломиран новинар и поранешна водителка на емисиите „Автомагазин“ и „Во недела попладне“, на која хоби ѝ е работата како модел. Таа досега има снимено неколку рекламни кампањи, како за македонски компании, така и за компании во Дубаи, каде што моментално живее со семејството.
Нејзината љубов за позирање и фотосесии неодамна ја овековечи со „Барби“ фотосесија со Ирис Игнова, девојче кое е ќерка на нејзини пријатели.
Фотографиите ги објави на нејзиниот Инстаграм профил.
За фотосесијата Даниела открива за CRNOBELO.com:
„Долго време имав идеја да направиме фотосесија со Ирис, ќерка на наши блиски пријатели, па така решивме тоа да биде со Барби тематика.
Таа ме потсетува буквално на кукличка со косата, слатка е и убава и ме асоцираше на кукличките со кои си играв како мала.
Сакавме да минеме типично женски ден заедно, па бевме на фризер, шминкање и направивме фотосесија заедно, обоена во розово, со оглед на тоа што социјалните мрежи се преплавени со Барби трендот.
Филмот го гледав, ми се допадна скриената порака во него. Таа е дека ние жените да се бориме повеќе да бидеме самостојни и независни и да се бориме за своите права, а не дека девојчето само треба да се омажи и да го има принцот од бајките, туку да биде образована и успешна жена сама за себе и без Кен во животот“.
Повеќе фотографии од фотосесијата:
Прочитајте и Даниела од Скопје, живее во Дубаи со семејството 3 години: „Не го заклучуваме станот, луксузот е на сите страни“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело