Ирена од Битола која се омажи со најпосакуваниот ерген во Австралија објави реални фотки од бременоста - утринска мачнина, прегледи

„Ова е многу реален и искрен поглед на првата половина од нашата бременост, без филтри. Од моментот кога дознавме, преку утринските мачнини кои станаа мачнини кои траат по цел ден и додека гледаме како нашето мало девојче расте од кикиритка во бебе“ - вели Македонката која победи во австралиското реално шоу „The Bachelor 2020“ и е бремена со првото дете. 

makedonka-koja-se-omazhi-so-najposakuvaniot-ergen-vo-avstralija-objavi-realni-fotki-od-bremenosta-srekja-utrinska-machnina-brojni-lekarski-pregledi-01.jpg

Ирена Србиновска (33), Македонка која потекнува од Битола, живее во Австралија. Таму победи во шоуто „The Bachelor 2020“ и го освои срцето на најпосакуваниот ерген Локи Гилберт (33). Парот по 3 години врска се венча, а неодамна открија и дека го чекаат своето прво бебе.

На половина од бременоста, Ирена објави серија фотографии на Инстаграм со кои ги покажа убавите, но и реалните и не толку забавни моменти низ кои поминуваат жените кога ќе останат бремени.

View this post on Instagram

A post shared by IRENA GILBERT 🌹 (@irena_srbinovska)

Таа сподели фотка од најсреќниот момент, кога добила позитивен резултат на тестот за бременост, но и колку е исцрпена од утринската мачнина.

Покажа и како изгледаат лекарските прегледи, третманите со акупунктура на кои одела, но и како напредува бебето за кое вели дека било колку кикиритка.

makedonka-koja-se-omazhi-so-najposakuvaniot-ergen-vo-avstralija-objavi-realni-fotki-od-bremenosta-srekja-utrinska-machnina-brojni-lekarski-pregledi-07.jpg

„Многу реален и искрен поглед на првата половина од нашата бременост, без филтри.

Од моментот кога дознавме, преку утринските мачнини кои станаа мачнини кои траат по цел ден и додека гледаме како нашето мало девојче расте од кикиритка во бебе.

Мојот најголем сон е да станам мајка, и колку и да е голем предизвикот, благодарна сум за сè, и веќе сум заљубена во мојата ќерка.

Ова е нашето мало чудо, и виножитото за кое се молев“, напиша Ирена на Инстаграм.

makedonka-koja-se-omazhi-so-najposakuvaniot-ergen-vo-avstralija-objavi-realni-fotki-od-bremenosta-srekja-utrinska-machnina-brojni-lekarski-pregledi-05.jpg

Ирена, која поо професија е медицинска сестра, со својот сопруг Локи живее во Перт.

Тие во март 2023 направија бајковита свадба во Мелбурн, а потоа отпатува на меден месец на Фиџи.

makedonka-koja-se-omazhi-so-najposakuvaniot-ergen-vo-avstralija-objavi-realni-fotki-od-bremenosta-srekja-utrinska-machnina-brojni-lekarski-pregledi-02.jpg

Ирена не крие дека откако го сретнала Локи, го живее својот сон.

Таа вели дека пример за добар брак ѝ е бракот на нејзините родители кој трае веќе 37 години.

makedonka-koja-se-omazhi-so-najposakuvaniot-ergen-vo-avstralija-objavi-realni-fotki-od-bremenosta-srekja-utrinska-machnina-brojni-lekarski-pregledi-03.jpg

makedonka-koja-se-omazhi-so-najposakuvaniot-ergen-vo-avstralija-objavi-realni-fotki-od-bremenosta-srekja-utrinska-machnina-brojni-lekarski-pregledi-09.jpg

makedonka-koja-se-omazhi-so-najposakuvaniot-ergen-vo-avstralija-objavi-realni-fotki-od-bremenosta-srekja-utrinska-machnina-brojni-lekarski-pregledi-10.jpg

makedonka-koja-se-omazhi-so-najposakuvaniot-ergen-vo-avstralija-objavi-realni-fotki-od-bremenosta-srekja-utrinska-machnina-brojni-lekarski-pregledi-06.jpg

makedonka-koja-se-omazhi-so-najposakuvaniot-ergen-vo-avstralija-objavi-realni-fotki-od-bremenosta-srekja-utrinska-machnina-brojni-lekarski-pregledi-11.jpg

Прочитајте и Македонката, која освои ерген во австралиско реално шоу, направи бајковита свадба - се играло и македонско оро

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg