„Мојот септември“ - Каролина Гочева разменува нежности со сопругот Михаил, па на прошетка со внуките низ Битола
- Детали
- четврток, 05 октомври 2023
На фотките што Каролина Гочева ги сподели на Инстаграм не останаа рамнодушни Лила Филиповска и стилистката Цаци Паковска, но и многу следбеници кои ѝ искоментираа дека е прекрасна.
Поп-пејачката Каролина Гочева објави серија фотографии на Инстаграм и со своите следбеници сподели каде сè била и како се забавувала минатиот месец.
„Мојот септември“, напиша едноставно Каролина.
На фотките може да се види како се прегрнува со сопругот Михаил Корубин кој ја бакнува.
Taа објави и фотографии од патувањето во Сараево со Бобан Милошоски од „Авалон продукција“, од роденденот на неговата ќерка Миа, на која Каролина ѝ е кума.
Потоа, Каролина објави и фотки направени додека е на море, но и на прошетка со внуките Луција и Инес низ Битола.
Каролина повторно воодушеви со стилот, кој зависно од пригодата е спортски, шик или елегантен.
Нејзините фотографии привлекоа големо внимание, па меѓу оние кои ѝ искоментираа беше и Лила Филиповска која ѝ остави коментар со емотикон срце и оган, а стилистката Цаци Паковска преку емотикон со срценца ѝ го пофали стилот.
Каролина доби и многу коментари од следбениците дека е прекрасна и дека е жена со големо срце.
Прочитајте и Каролина Гoчева, никогаш позгодна, на одмор на Скијатос со сопругот Михаил Корубин (фото)
А. Ј. | Црнобело