Јелена Спенџарска: „И да, вистина е, кога ќе го запознаете вистинскиот човек - едноставно знаете“
- Детали
- среда, 04 октомври 2023
„Се надевам дека сте вистински среќни во вашата врска, дека не мора да правите работи кои не ги сакате, дека не мора да трпите нешто против ваша волја и дека не мора да се менувате за да им се допаднете повеќе...“, гласи дел од објавата на Јелена Спенџарска која ја напиша инспирирана од својот сакан Лукас, по повод Интернационалниот ден на дечковците.
Јелена Спенџарска е среќно вљубена веќе извесен период и тоа постојано го кажува и покажува.
Неодамна, таа со својот сакан Лукас од Солун беше во Скопје, каде се појави на третата вечер од Скопскиот моден фестивал.
Среќни и вљубени, тие уживаа заедно, за кратко потоа да отпатуваат во Солун.
Јелена вели дека таму го пронаоѓа својот душевен мир, пишува дневник, но и се релаксира со шопинг.
Вчера (03.10) беше Интернационалниот ден на дечковците, па по тој повод водителката на Инстаграм му посвети емотивна објава на саканиот, но и упати апел до сите кои се во врска да не се задоволуваат со ништо помалку од вистинска среќа покрај вистинската личност.
Нејзината објава гласи:
„Сè што е потребно е еден маж да ве сака на вистинскиот начин.
Интернационален ден на дечковците е. Се надевам дека сте вистински среќни во вашата врска, дека не мора да правите работи кои не ги сакате, дека не мора да трпите нешто против ваша волја и дека не мора да се менувате за да им се допаднете повеќе.
Не да се надевате дека ќе се смени, ќе биде подобро, ќе ве засака ако направите тоа и тоа!
Кога мене ми велеле дека кога ќе го запознаеш вистинскиот ќе знаеш во себе дека тој е тој, некако не ми се веруваше, ми беше многу бајковито, но упорно се обидував да го пронајдам тоа чувство во минатото и, нормално, не доаѓа природно, сè е залудно.
Внатрешниот инстинкт никогаш не лаже затоа што ако имате и најмало чувство кое ви вели дека тој човек не е за вас – верувајте му!
За останатите кои се среќни со својот партнер, продолжете да блескате.
И да, вистина е, кога ќе го запознаете вистинскиот човек – едноставно знаете!“
С. С. | Црнобело