Антониа Гиговска за мајчинството: „Ќе мора туторијал да ви снимам како менувам пелени со долги нокти“
Имаше и такви кои ѝ искоментираа дека некој друг сигурно ги менува пелените на Киан, бидејќи таа не може поради долгите нокти.
„Ќе мора да снимам туторијал. Излезете од комфор зоната, ќе видите дека може“, одговори таа.
Пејачката доби и комплименти за изгледот, а ја прашаа како успеала да ослабе по породувањето.
„Имам уште малку за симнување. Инаку стандард – на почетокот не јадеш леб и не пиеш сокови, не јадеш ни благо. Почни си да вежбаш“ – ја посоветува Гиговска својата следбеничка на Инстаграм.
Пејачката претходно и во интервју за CRNOBELO.com зборуваше за синот и како се снаоѓа во улогата на мајка.
„Велат, кога ќе станеш родител ти се менува животот и ти се ускратуваат многу работи, но јас мислам дека животот ми се смени на позитивно, Киан е нешто што ми недостигаше во животот, а ни дојде во вистинскиот момент.
Киан е темпераментно и хиперактивно детенце, но од друга страна многу мил, сака да се гали и сака близина. Плачко е на мајка му, така вика Роберт.
Искрено, првите денови беше хаотично, додека се навикнеме на животот со бебе. Менувањето пелени, заспивањето, капењето мене веќе ми беа добро познати затоа што исчував неколку внуци, меѓутоа бев во страв за Роберт.
Се изненадив како тој се снајде со новата улога и можам слободно да кажам дека е најдобар татко“, кажа тогаш Антониа.
Таа објави и нови фотографии на својот Инстаграм, па ги праша следбениците:
„Дечки ви фалам или ме заборавивте?
Прочитајте и Антониа Гиговска за CRNOBELO: „Киан ни дојде во вистински момент, најтешко ми е станувањето рано, бабите ни се многу од помош“
А. Ј. | Црнобело / Фото: Инстаграм