Антониа Гиговска за мајчинството: „Ќе мора туторијал да ви снимам како менувам пелени со долги нокти“
- Детали
- вторник, 03 октомври 2023
„Киан е многу е мил и питом, нон-стоп се смешка и гуга, сака многу да ручка. И не личи на мене. Инаку, треба уште малку да ослабам и не ми е проблем да сменам пелени со долги нокти“, вели Антониа Гиговска, која преку Инстаграм Стори одговараше на прашања поврзани со мајчинството и музиката.
Пејачката Антониа Гиговска, откако стана мајка на 14 јули, не крие дека нејзиниот свет се врти околу синот Киан.
Иако работи на нова музика, најголемиот дел од времето го поминува со него и со мајчинските обврски.
Но, Антониа е и понатаму активна на социјалните мрежи, па им даде можност на своите следбеници да ја прашаат сè што сакаат.
Покрај прашањата поврзани со кариерата, таа одговараше и на прашања за синот и мајчинството.
„Што е работава, која е причината што го криеш Киан?“ ја прашаа.
„За сега нема потреба да го експонирам јавно“, одговори Антониа.
И покрај тоа што сака да го заштити синот, таа често споделува фотки и видеа на Инстаграм Стори со бебето, покажува како се забавуваат, додека му пее или се излезени на прошетка, а Киан на сите нив е со скриено лице.
Токму затоа доби пофалба дека е за почит што си го чува детето подалеку од социјалните мрежи.
„Прва личност што не го рекламира своето дете. Браво жено“, ѝ напишаа.
„Какво бебе е Киан?“ – ја праша друг фан.
„Многу е мил и питом, нон-стоп се смешка и гуга, сака многу да ручка и не личи на мајка му“, напиша Антониа.