Го доеше, ја пречекаа со аплауз на целта: Наша инфлуенсерка учествуваше со 3-месечниот син на Скопскиот маратон
- Детали
- понеделник, 02 октомври 2023
„Цел живот заедно да трчаме маратони, свету мајкин“, напиша модната инфлуенсерка Даниела Ѓуровска, која учествуваше на Скопскиот маратон 2023 со својот 3-месечен син и го туркаше во количка до целта.
Модната инфлуенсерка Даниела Ѓуровска, која на 30 јуни стана мајка, учествуваше на Скопскиот маратон 2023 заедно со својот 3-месечен син Давуд. Таа ја туркаше количката со бебето до целта, каде што имаше и други мајки кои беа со своите мали деца и бебиња.
Даниела во еден момент седна на булеварот за да го надои синот, додека покрај неа трчаа маратонците.
Кога пристигна со количката на целта, ја дочека со аплаузи и конфети, за инспиративниот потег да учествува на маратонот заедно со својот син.
„Цел живот заедно да трчаме маратони. Мајкин свет“, напиша таа на фотографиите што ги сподели на Инстаграм.
Пријателите, пак, ѝ напишаа дека им е инспирација.
„Се гордеам со тебе“, стои во коментарите.
Даниела, која често покажува како изгледа нејзиното секојдневие откако стана мајка, пред одреден период објави фотки на кои го дои својот син и зборуваше искрено за мајчинството и колку тоа ја сменило.
„Неверојатно е како по пораѓајот целосно ми се промени перцепцијата за женското тело, за она што можеме како жени да издржиме и создадеме.
Сфатив како доењето е најчистото нешто што една жена може да го доживее, но од друга страна недоволно се разговара на оваа тема и целото искуство може да биде стресно“, кажа тогаш таа.
А. Ј. | Црнобело