Малата Алои е нов член на семејството на актерот Гораст Цветковски

malata-aloi-e-nov-clen-na-semejstvoto-na-akterot-gorast-cvetkovski-01.jpg

Актерот Гораст Цветковски периодов е дел од кампањата на јавното претпријатие „Лајка” за посвојување на кучиња која се води под мотото „Ако имаш место во срцето имаш и во домот“. Очигледно, тој, неговата сопруга и двете дечиња сериозно ја сфатија задачата и одлучија да донесат нов член во семејството – малата женка Алои.

Сега се пет членови, а убавицата полека се навикнува на мама, тато, братчето и сестричката. И Алои сега го зема презимето Цветковски, а со Гораст зборувавме за искуствата.    

Зошто се одлучивте да ја вдомите токму Алои?

Муабетот за куче во домот вешто го избегнував 7-8 години. Сопругата и децата, „напињаа“ секој можен момент за кутре, а јас на секаков можен начин вешто се „бранев“. Од искуство со песовите кои јас сум ги носел дома како дете, знам дека после три дена кучето остануваше на моите родители. Така што знаев дека и тука ќе биде слична ситуација. Во неколку наврати имавме на преспивање кучиња од пријатели и тогаш дополнително ми се потврдуваше тоа.

Сега децата се поголеми, сопругата потолерантна кон мене, а јас со повеќе капацитет за соживот во семејството па така во последната година без тие да знаат, јас почнав да разгледувам затоа што едноставно идејата да имаме куче во домот веќе не ми беше туѓа. Веќе намирисав дека сите се спремни да имаат (колку-толку) одговорност околу новиот член.


Инаку за Алои, сопругата ја виде на Facebook и рече „глеј колку е слатко“, јас ја видов и реков „леле глеј колку е слатко“, децата ја видоа и рекоа „лелееее  глејте колку е слатко“ и така ... Закажавме состанок утредента во „Лајка“ и ден потоа веќе ја бањавме Алои.

malata-aloi-e-nov-clen-na-semejstvoto-na-akterot-gorast-cvetkovski-02.jpg

Веќе минавте неколку денови дома со Алои. Каков е засега периодот на адаптација?

Уште е исплашена. Јас поисплашено суштество во живот немам видено. Иако има „кревет“ специјално за неа, нон-стоп лежи под огледалото ... Моја претпоставка е дека си се теши дека си ги гледа сестрите затоа што кога ја вдомивме со неа имаше уште две сестрички од кои едната е веќе вдомена.

Но, нашата толеранција е неверојатно висока така што Алои го има целото време на светот за да се адаптира ... а и ние на неа. Само, нешто ми поткашлува. Изглеа ја настинавме кога ја бањавме. Ќе ја носам потоа на ветеринар.

Дали досега сте чувале кучиња и дали сметаш дека е важно да се има милениче како член на домот?

Имавме неуспешен обид за мачор. Првите три дена беше мирно мало маче, потоа моравме по дома да се движиме само во групи за да не нè изеде. Ене го сега кај татко ми во двор. Историјата се повторува.   

Како вашите деца се привикнуваат на Алои?

Како да сме ја имале отсекогаш. Галење, зборување, шетање, хранење, чешлање ... Играњето е сега за сега лимитирано од нејзина страна со оглед на тоа што сèуште е исплашена.

Зошто одлучивте да посвоите куче наместо да купите?

Тоа беше една од работите што беше фиксна. Дури и во моментите кога јас бев против куче, се знаеше дека кога ќе дојде време за кутре, одиме со вдомување.

malata-aloi-e-nov-clen-na-semejstvoto-na-akterot-gorast-cvetkovski-03.jpg

Веќе е почната новата театарска сезона. Какви се твоите ангажмани во следниот период?

Лудило! Таман ми требаше уште една дополнителна обврска со Алои. Театарот е супер. Најдобрата професија на светот. Старите претстави се обновуваат, нови претстави се прават. Веќе сериозно се вратени речиси сите претстави кои беа на реперотарот. Особено голем е предизвикот да се вратат големите претстави со над 20 актери во нив, тешка сценографија, костими и шминка, а тоа го направивме што значи дека нѝ претстои многу плодна сезона.

Дали работиш и на некои други проекти независно дали се од актерската или гејминг сферата?

Секој ден. Во последно време во фокус ми е новата Асоцијација на македонската индустрија на видео игри - МГИ која за брзо стана носечко тело за гејм дев индустријата во Македонија. Со неа ја направивме првата база на игри направени од Македонски студија или индивидуи која ја имате овде - mgi.mk/games/ Веќе имаме прв митап со српската – SGA, и партнери со AI Tech Summit во Скопје и Game Jam Tirana во Албанија.

Друго, се спремаме за нова, 10.та, сезона на GG.MK која почнува на 9 октомври, и секако подготовките за A1 Game Fest се во полна пареа.

Би можело да ве интересира:

Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
„Семејството на прво место“: Елиф Елмас се пресели во Германија, па ги прошета саканите низ Берлин Откако на почетокот на годината потпиша за RB Leipzig и се пресели во Германија,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg