„Принцу мал“ - Бебе родено на Клиниката за гинекологија во Скопје со 900g, си оди дома по 66 дена со 2kg
- Детали
- четврток, 28 септември 2023
„Семејството Зендели си замина дома со најубавиот подарок. Принцот роден 900 грама си замина домче со цели 2.080 грама по 66 дневна битка. Ордени за овие дечиња, за овие родители, за целиот персонал...“, пишуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.
Малото бебенце од семејството Зендели ја напушта Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, откако 66 дена престојуваше на Одделението за интензивна нега и терапија.
Родено со само 900g, тоа сега има тежина од 2.080kg.
Објавата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје за овој мал херој гласи:
„Нашите бебиња не сопираат.
Малите бебиња - големи победници повторно на сцена. Семејството Зендели си замина дома со најубавиот подарок.
Принцот роден 900 грама си замина домче со цели 2.080 грама по 66 дневна битка.
Ордени за овие дечиња, за овие родители, за целиот персонал.
Принцу мал и тебе ти посакуваме силно здравје, весели детски дни и остварени животни сни“.
Нашите бебиња не сопираат. 🤩🥳🥰 Малите бебиња големи победници повторно на сцена. 👶Семејството Зендели си замина дома со...
Posted by ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје on Thursday, September 28, 2023
С. С. | Црнобело