Како изгледа денес и што прави Кристијан Секуловски, таткото од „Умни глави“?

Таткото од серијата „Умни глави“, Кристијан Секуловски денес е успешен млад човек, посветен сопруг и грижлив татко.

dali-go-prepoznavate-kako-izgleda-denes-i-sto-pravi-kristijan-sekulovski-tatkoto-od-umni-glavi-01_copy.jpg

Генерацијата што растеше во втората половина од 90-те години на минатиот век, со сигурност се сеќава дека со нетрпение, секој работен ден се чекаше да дојде 19 часот и да се гледа серијата за деца „Умни глави“.

Немаше поголема радост за децата од тоа да се седне пред ТВ екранот и да се гледа некоја од омилените емисии, во која малите „Умни глави“ преку настано од секојдневието раскажуваа мудри приказни.

Дајте музика“, „Бушава азбука“, „Умни глави“, „Големи и мали“, Македонски народни приказни будат носталгија по едно време кога сѐ беше многу поедноставно, децата постојано си играа надвор, а програмата на телевизија наместо со турски серии беше пополнета со многу емисии за деца.

dali-go-prepoznavate-kako-izgleda-denes-i-sto-pravi-kristijan-sekulovski-tatkoto-od-umni-glavi-07_copy.jpg

Во 1999 година се емитуваше првата епизода на „Умни глави“, насловена „Шекил“, а во неа главна тема беше маката на малиот Даре кој сакаше да стане славен кошаркар како Шекил О`Нил, но немаше каде да тренира.

Марија Ангеловска, Филип Кипровски и Кристијан Секуловски глумеа мајка, татко и дете во оваа серија.

dali-go-prepoznavate-kako-izgleda-denes-i-sto-pravi-kristijan-sekulovski-tatkoto-od-umni-glavi-04.jpg

Членовите од омиленото семејтво на тогашните деца денес се веќе возрасни личности успешни во своите професии.

Само Филип кој ја имаше улогата на детето Даре продолжи да се занимава со глума и вработен е во Народниот театар во Охрид.

Марија работи во банка, додека Кристијан кој го глумеше таткото во серијата заврши Економски факултет и денес работи во јавно претпријатие.

dali-go-prepoznavate-kako-izgleda-denes-i-sto-pravi-kristijan-sekulovski-tatkoto-od-umni-glavi-15.jpg

Според она што може да се види од неговите фотографии објавени на Фејсбук, Кристијан физички се нема многу променето и оние кои ја имаат гледано серијата со сигурност го препознаваат и денес.

Приватно е посветен сопруг и грижлив татко.

dali-go-prepoznavate-kako-izgleda-denes-i-sto-pravi-kristijan-sekulovski-tatkoto-od-umni-glavi-13.jpg

Во 2021 година стапил во брак со сопругата Рената, а во 2022 година го добиле синот Борјан.

Максимално ужива во семејниот живот и секој слободен момент го користи да го помине со своите сакани.

Повеќе фотографии од Кристијан погледнете на следната страница



Би можело да ве интересира:

Миа Костова си купи нов автомобил, Столе Димитриевски со девојката во Њујорк: Што прават македонскит... Фудбалската легенда Горан Пандев во Струмица се дружеше со Марко Маринковиќ - Сл...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg