Македонка го посети најсиромашниот кварт во Кенија: „Бев во африканско гето, каде ако некој нешто украде - го палат жив“
НИКОЈ НЕМА СЛУХ ЗА ОВИЕ ЛУЃЕ, НИКОЈ НЕ ИМ ПОМАГА!
Буквално оставени се сами на себе…
Има толку многу талентирани и паметни дечиња што секојдневно се трудат и молат за еден ден да излезат од квартот и да почнат понормален живот, на некои среќата му се насмевнува со многу труд и пот.
А некои, за жал, никогаш не излегуваат од таму…
И покрај тоа што живеат во такви услови, овие луѓе се многу позитивни (не можам ни да ви опишам), позитивната мисла и молитвите им се водилка на животот.
Поради преголемата сиромаштија си создале и некои нивни правила на живот, едно од нив е:
Никој не смее да краде!
Се согласиле на правилото ако некој нешто украде целиот кварт се собира и тој човек го палат жив, како пример и доказ за тоа како треба да се однесуваат другите и да имаат почит кон целото население.
Се надевам дека овој глас ќе стигне што подалеку, и дека еден ден сите ние ќе имаме можност да им помогнеме и да ги слушнеме, да бидат видени и овие луѓе што заслужуваат многу, многу повеќе.
Создадовте хартија (пари) и уништивте милиони луѓе.
Ете, тука душата ми се распарчи на сто дела.
Ве љубам!“
С. С. | Црнобело