Македонка го посети најсиромашниот кварт во Кенија: „Бев во африканско гето, каде ако некој нешто украде - го палат жив“
- Детали
- вторник, 26 септември 2023
„На една страна од градот Најроби го имаш најголемиот луксуз, исто како да се наоѓаш во Њујорк, а од другата страна ја имаш бруталната реалност. Сиромаштија и беда. Во ова гето живеат околу 2.5 милиони луѓе, т.е. нивните услови за живот се сведени на 0. Секој нов ден е борба за живот, најчесто тука луѓето умираат од глад и од болести“, раскажува Бети Котовчевска од Ресен, позната како Бетика – ледената Македонка.
Бети Котовчевска од Ресен, по професија нутриционист, позната е како Бетика – ледената Македонка.
Таа го следи примерот и делото на Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар, кој е светски познат како Ледениот човек (The Iceman) и постојано се изложува на екстремно ниски температури.
Но, годинава поради нејзиниот работен ангажман на Занзибар, самата открива дека се капе во потоплите води на Индискиот Океан, но дека ужива и во тоа.
Од Занзибар, Бети отпатува на кратка соло посета на Кенија, од каде на Фејсбук открива впечатоци од искуството во најсиромашниот кварт во Најроби, главниот град на Кенија.
Објавата на Бети, позната како Бетика, гласи:
„Добредојдовте во најсиромашниот кварт во Кенија – Кибера се наоѓа во главниот град Најроби.
Ова сум јас во гетото.
Соло патување во Африка, за сите што имате предрасуди и стравови - да ви кажам побезбедно се чувствувам во Африка, отколку кај нас.
Мештаните ме прифатија со цело срце и душа, насмеани. Со часови ме шетаа по цела Кибера, ми раскажуваа за нивниот начин на живот, имав можност да влезам и во куќичките…
Само очиве ми знаат што сè видов.
Па, да почнеме од некаде…
Кибера е огромно место. На една страна од градот Најроби го имаш најголемиот луксуз, исто како да се наоѓаш во Њујорк, а од другата страна ја имаш бруталната реалност.
Сиромаштија и беда.
Во Кибера живеат околу 2.5 милиони луѓе, т.е. нивните услови за живот се сведени на 0.
Секој нов ден е борба за живот, најчесто тука луѓето умираат од глад и од болести заради презагадената животна средина.