Македонски доктор кој е модна икона во Бугарија направи гламурозна крштевка за децата: „Славевме во ексклузивен ресторан со познати гости“

„Гости беа многу познати личности од Бугарија. Дрес кодот беше бело, па освен што гостите беа облечени во бело, така беше украсен и ресторанот, со многу цвеќиња и балони, а и тортата беше бела и елегантна, на три ката“, вели за CRNOBELO.com македонскиот доктор Панче Димитриев, кој живее и работи во Бугарија и важи за вистинска модна икона.

pievme-shampanj-od-ferrari-imavme-poznati-gosti-makedonski-doktor-koj-e-modna-ikona-vo-bugarija-napravi-glamurozna-krshtevka-za-decata-01.jpg

Македонскиот доктор Панче Димитриев (41) живее и работи како хирург специјалист по ортопедија и трауматологија во Пловдив, Бугарија.

Тој неодамна откри дека станал татко на близнаци, Атина и Филип, а сега им направи крштевка во еден од најпознатите ресторани во Пловдив.

pamce-domitriev-27_copy.jpg

Крштевката беше синоним за луксуз и гламур. Доктор Димитриев, кој е познат по својот моден стил и го сметаат за трендсетер и модна икона во Бугарија, на крштевката беше облечен во модерен бел костум, без кошула, во комбинација со светкави чевли.

pamce-domitriev-11.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com, тој откри неколку детали за крштевката на своите ќерка и син:

„Правев крштевка, а потоа и забава за крштевањето на близнаците Атина и Филип. Тие се родени во мај 2023 и се прекрасни бебиња.

Самата забава беше во ресторан во центарот на Пловдив, во ресторанот 'Атлас' кој е уреден во стилот на светските метрополи Рим, Париз.

Гости беа многу познати личности од Бугарија.

pamce-domitriev-13.jpg

Имавме и дрес код – бело. Па освен што гостите беа облечени во бело, така беше украсен и ресторанот, со многу бели цвеќиња, со бели балони, а и тортата за близнаците беше бела и елегантна, на три ката“.

pamce-domitriev-07.jpg

Познатиот хирург средно образование завршил во Штип, а од 25 години почнал да специјализира ортопедија и трауматологија во Бугарија и се преселил во Пловдив каде што денес живее и работи.

pamce-domitriev-18.jpg

Неговите модни комбинации се и повеќе од впечатливи, што направи на Инстаграм да го следат преку 337.000 луѓе.

pamce-domitriev-17.jpg

Тој сака да ужива во луксуз, патувања, брендирани модни парчиња, па често споделува детали од својот живот на социјалните мрежи.

pamce-domitriev-31.jpg

pamce-domitriev-06.jpg

pamce-domitriev-32_copy.jpg

Повеќе фотографии од крштевката на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...
Македонскиот фризер Зоки Давитков: „Преку глава ми е да работам со луѓе кои не знаат како да се одне... „Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Македонскиот актер Жарко Димоски гради кариера во Белград: „Дел сум од театарот Одеон“ „Македонските актери се многу ценети во Србија, уште од времето на Југославија, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg