Елена Најдоски во Грција, Владимир Четкар на Охридско Езеро - Кои познати Македонци ја дочекаа есента на плажа?
- Детали
- вторник, 26 септември 2023
Едни во Грција, други во Турција, трети на Јадранско Море - многу познати Македонци првиот ден на есента го дочекаа на плажа.
Иако есента 2023 почна календарски на 23-ти септември, топлото време ја продолжи сезоната за на плажа, па многу Македонци го дочекаа првиот ден на есента покрај вода.
Пере од „Нокаут“ беше во Грција со сопругата, каде што се дружеше со композиторот Дарко Димитров, а во Грција беше и водителката Елена Најдоски.
Во Турција беше водителката Викторија Петровска. Џез музичарот Владимир Четкар на првиот ден на есента пливаше во Охридското Езеро, а веќе следниот ден објави слика од плажа во Албанија.
Инфлуенсерката Сандра Кирков, пак, беше во Црна Гора на Јадранско Море од каде што споделуваше фотки и видеа.