Актерот Жарко Димоски и сопругата Андреа за новородениот син за CRNOBELO: „Вито е најубавото нешто што ни се случило“
Секој останат момент е најубав, било тоа да е негов плач или радост, го цениме секој миг поминат заедно.
Моментално сме во фаза на грчеви и, нормално, пробуваме да му направиме да му е удобно и пријатно на секој начин, навистина е тешко кога се мачат, но тоа е период кој сите го поминуваат, па ќе издржиме до крај.
Негата е неизоставен дел од секојдневието, бањањето го правиме заедно, менувањето пелени почесто јас, но заеднички се грижиме околу сите работи и гледаме да си помагаме постојано.
Ова е позитивен хаос и предизвик, а воедно и најубав период од нашиот живот, вака некако би го опишале животот со новороденче и куче“.
С. С. | Црнобело / Фото: „Photo factory“