Актерот Жарко Димоски и сопругата Андреа за новородениот син за CRNOBELO: „Вито е најубавото нешто што ни се случило“
- Детали
- сабота, 23 септември 2023
„Вито го бањаме заедно, го живееме најубавиот период во животот, но како најголем предизвик можеби би го издвоиле неспиењето и грчевите, но сѐ поминува релативно брзо и лесно се навикнуваме на сите промени“, раскажува Андреа за CRNOBELO.com.
Актерот Жарко Димоски и неговата сопруга Андреа се родители на едномесечно новороденче. Парот вели дека е пресреќен поради приновата и дека синот Вито им е најубавото нешто што им се случило во животот.
Овој период од животот парот го овековечи со прекрасна фотосесија.
За CRNOBELO.com Андреа говори за тоа како се справуваат со новата улога на родители:
„Вито се роди на 15.08 во приватна клиника во Скопје.
Со Жарко направивме трудничка фотосесија 7 дена пред да се породам со студио кое се занимава со труднички фотосесии и фотосесии за новороденчиња.
Презадоволни сме и овие фотографии ќе ни бидат прекрасни спомени.
Живееме сами веќе шест години, се снаоѓаме сами околу бебето и супер ни оди досега, но и бабите се тука за помош, секако, во секое време.
За најтежок дел можеби би го издвоиле неспиењето, но сѐ поминува релативно брзо и лесно се навикнуваме на сите промени.