Се омажи каратистката Моника Стефановска – во кратка бела венчаница му кажа „да“ на саканиот Илија
- Детали
- петок, 22 септември 2023
Во кратка венчаница со транспарентни делови, бел долг вел и високи бели потпетици Моника Стефановска му кажа „да“ на својот сакан Илија, по професија тениски тренер.
Каратистката Моника Стефановска, која важи за една од најубавите македонски спортистки, неодамна откри дека е бремена, а сега на Инстаграм откри и дека стапила во брак.
Таа се омажи за тенискиот тренер Илија Мартиноски, а на Инстаграм објави неколку фотки на кои може да се види дека таа за свадбата избрала кратка венчаница со транспарентни делови.
Во кратка венчаница со долг вел и високи бели потпетици Моника изгледа среќно покрај саканиот.
За нејзината шминка се погрижи шминкерката Марија Лазарова, а објавени се и неколку фотки на кои може да се види како изгледале подготовките за најважниот ден на Моника.
Инаку, Моника Стефановска од својата 6-та година се занимава со карате, а вели дека медалите престанала да ги брои. Ја носи титулата „најубава македонска спортистка“.
Погледнете уште неколку фотографии од нејзината свадба:
Б. С. Б. | Црнобело