Малиот Никола е бебе-херој: Се роди на Клиниката за гинекологија во Скопје со тежина од 900 грама - по 65 дена си оди дома

„Никола е нашиот јунак, вие сте нашите херои“ – им порача таткото на лекарите кои 65 дена пожртвувано се грижеа за неговиот новороден син Никола, кој 65 дена престојуваше на Одделението за интензивна нега и терапија, откако се роди во 27-ма гестациска недела со тежина од само 900 грама на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

maliot-nikola-e-bebe-heroj-se-rodi-na-klinikata-za-ginekologija-vo-skopje-so-tezhina-od-900-grama-po-65-dena-si-odi-doma-01.jpg

Малиот Никола Ристоски беше роден во 27-ма гестациска недела со тежина од само 900 грама, а вчера (20.09) конечно ја напушти Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, откако 65 дена престојуваше на Одделението за интензивна нега и терапија.

Убавите вести беа соопштени на Фејсбук профилот на Клиниката, а благодарност до персоналот упати и таткото на малиот Никола, Љупчо.

Објавата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје гласи:

„Семејството Ристоски конечно можат да се смеат и никој да не им забележи колку гласно тоа го прават, да пеат и повторно никој да не им забележи колку тоа гласно го прават, а посебно најмалиот Ристоски, малиот Никола, големиот борец...

Тој нека се смее... Нека пее и нека потплакува понекогаш гласно, најгласно.

Мило дете, ти посакуваме силно здравје и бескрајно среќно детство“ – стои во објавата на Фејсбук.

Семејството Ристоски конечно можат да се смеат и никој да не им забележи колку гласно тоа го прават, да пеат и повторно...

Posted by ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје on Wednesday, September 20, 2023

Малиот Никола вчера конечно си замина дома со родителите и поголемата сестричка, а убавите вести на Фејсбук ги сподели и неговиот татко, кој им се заблагодари на лекарите за несебичната грижа и пожртвуваност и напиша:

„Бебе Никола е нашиот јунак, Вие сте нашите херои - секоја чест за пожртвуваноста, грижата и љубовта што им ја пружате на сите бебиња“.

Бебе Никола е нашиот јунак, Вие сте нашите херои ❤️ секоја чест за пожртвуваноста, грижата и љубовта што им ја пружате на сите бебиња ❤️ Од ❤️ Љ.Р.

Posted by Ljupco Ristoski on Wednesday, September 20, 2023

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Три предвремено родени бебиња си заминаа дома од ГАК: „Севда, Алиња и Мира се храбри девојчиња“ Севда се роди со 750 грама, Алиња со 1.100, а Мира со 1.330 грама, а трите девој...
„Кога се роди ќерка ми, работев 12 часа и не бев изморен за неа“ – Сашко Коцев искрено за татковство... „Таа точно знае ти колку си заљубен во нејзе и она може да ти прави што сака. Ја...
Тројца мали херои - Дуа, Нила и Максим по скоро 80 дена конечно си заминаа дома од ГАК Три бебиња, две девојчиња и едно момче, кои се родија со помалку од 2.000 грама,...
Едина Муса вежба со тежина: „Ако бременоста поминува без компликации, не ја третирајте како болест“ Едина Муса и во 21-та недела од бременоста не сопира со тренинзите со тежина.&nb...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg