Александра Шијакоска се појави во елегантен бел аутфит со тантела на настан во Загреб, покрај Николина Пишек
- Детали
- четврток, 21 септември 2023
Облечена во бели панталони и палто, под кое се ѕиркаше бралетот од тантела, дополнето со бисери и салонки во златна боја, инфлуенсерката Александра Шијакоска блесна на настан во Загреб, каде што беше и хрватската водителка Николина Пишек.
Инфлуенсерката Александра Шијакоска присуствуваше на регионалната промоција на парфемот Sì на Giorgio Armani, што се одржа во Загреб.
Таа беше дел од големиот моден настан, на кој присуствуваше и хрватската водителка Николина Пишек.
„Кажи Sì (да) на љубовта, силата, слободата, на следењето на соништата. Кажи Sì на животот“, напиша Шијакоска на фотките што ги сподели на Инстаграм.
Александра беше облечена во бела креација од македонската дизајнерка Моника Коцарева – панталони и палто, со долг шал преку едното рамо.
Под палтото се ѕиркаше белиот бралет од тантела. Стајлингот го дополни со бисери и салонки во златна боја, па доби комплименти за изгледот.
На промоцијата во Загреб, Шијакоска беше заедно со инфлуенсерката и нејзина пријателка Ангела Ѓоргиева.
Двете дами, освен што покажаа како си поминале на промоцијата, објавија и неколку фотки и видеа од денот поминат во Загреб.
На промоцијата присуствуваше и хрватската водителка Николина Пишек. Таа за оваа пригода избра розов фустан во форма на сирена, со розово палто во истата боја.