Три генерации македонска убавина: Водителката Маја Поцевска на роденден кај внуката, заедно со мајка ѝ и сестра ѝ
- Детали
- среда, 20 септември 2023
Водителката Маја Поцевска, која важи за една од најатрактивните познати баби во Македонија, блесна на роденденот на внуката - подеднакво атрактивни беа и нејзината сестра Наташа Фигурела и нивната мајка, која уживаше на забавата за правнуката.
Поранешната водителка Маја Поцевска го прослави 1-иот роденден на внуката Мина, која ја има од ќерката Јана. Таа не ја криеше радоста и објави дел од атмосферата на Инстаграм.
На дел фотографиите е со својата сестра, атрактивната сопственичка на студиото „Фигурела“, Наташа Петровска и со нивната мајка, која е прабаба на Мина.
Фотографии и видеа од роденденската забава објави и Наташа.
„Супер сестра и супер мајка“, пишува на фотките, на кои може да се види од кого сестрите ја наследиле својата убавина.
Сестрите Маја и Наташа често привлекуваат внимание во јавноста.