Виктор Апостоловски за родниот град: „Битола е град со душа, 99% од сите парови тука прво се виделе на Широк Сокак“

„Неизбежен дел од Битола е Широк Сокак. Тука има спомени, приказни, крај немаат. 99% од сите парови во градот, прво се виделе на Широк Сокак. Првото кафе го испиле таму, првата прошетка ја направиле, таму ќе ги шетаат и нивните деца, па и внуци“, вели Виктор Апостоловски во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.

viktor-apostolovski-za-rodniot-grad-bitola-ima-ogromna-dusha-toa-sekogash-me-vleche-doma-01.jpg

Музичарот Виктор Апостоловски е горд битолчанец. Иако долги години живееше надвор од градот, се врати дома, па во семејната куќа направи музичко студио, но тука почна да создава и дом со својата сопруга Милена.

Вели, каде и да оди, секогаш ќе се враќа дома, бидејќи Битола и битолчани имаат огромна душа.

viktor-apostolovski-za-rodniot-grad-bitola-ima-ogromna-dusha-toa-sekogash-me-vleche-doma-03_copy.jpg

Во искрен муабет, тој ни раскажа кои се работите кои ги сака најмногу и кои секогаш му будат убаво спомени во неговиот роден град.

viktor-apostolovski-za-rodniot-grad-bitola-ima-ogromna-dusha-toa-sekogash-me-vleche-doma-05.jpg

Виктор со љубов говори за Битола за CRNOBELO.com:

„Прва работа - дома! Не знам како да го опишам тоа чувство, тој феномен, ама кај и да одиш, колку долго и да седиш, секој пат кога возиш накај дома, особено кога ќе стигнеш пред влезот на Битола, чувството е преубаво.

Се полни душата. И хаос невиден да е во моментот, дома си е дома. Тука ти е семејството, тука ти се луѓето, сè е тука.

viktor-apostolovski-za-rodniot-grad-bitola-ima-ogromna-dusha-toa-sekogash-me-vleche-doma-08.jpg

Втора работа - лезет! Значи сум живеел години во Скопје, сум бил некое време и низ други далеку поголеми градови низ Европа, и ако нешто не сакам, тоа е гужвата, особено во сообраќајот. Сите некаде брзаат, сите се нервозни, цело време некој хаос се случува.

Ама затоа во Битола е сè обратно. Сите се како забавена снимка. Никој никаде не брза, но иако се случува некогаш гужва, ретко има застој. Нема хаос, нема нервоза, освен ако некој претерано се влечка - е тоа е веќе друго.

viktor-apostolovski-za-rodniot-grad-bitola-ima-ogromna-dusha-toa-sekogash-me-vleche-doma-06.jpg

Трета работа - Пелистер! Знам дека сите имаат некакви планини во близина на својот град и секоја си има свои убавина, ама Пелистер си е Пелистер!

Природата, погледите, чувството кога ќе се качиш горе и ќе ги наполниш градите со свеж чист воздух... Убавини!

viktor-apostolovski-za-rodniot-grad-bitola-ima-ogromna-dusha-toa-sekogash-me-vleche-doma-10.jpg

Четврто - Широк Сокак! Неизбежен елемент од секое спомнување на Битола е Широк Сокак. Тоа не е само обичен сокак. Тука има спомени, приказни, крај немаат.

Од кафулиња до кафеани, до заљубувања, слави, веселби, протести и што уште не. 99% од сите парови во градот прво се виделе на Широк Сокак.

Првото кафе го испиле таму, првата прошетка ја направиле, таму ќе ги шетаат и нивните деца, па и внуци. Широк е тој сокак. И полн љубов!

viktor-apostolovski-za-rodniot-grad-bitola-ima-ogromna-dusha-toa-sekogash-me-vleche-doma-07.jpg

Петтото нешто што би го наброил се сите други места и спомени што ги има секој битолчанец.

Саат кулата, Тумбе кафе, паркот, Нижеполе, Хераклеја, Драгорот и уште многу други.

Места кај што секој битолчанец бил и има некакви спомени. Не сме некој огромен град по број на жители или површина, ама имаме огромна душа.

Е, тоа е тоа што најмногу ми се допаѓа и што секогаш ме влече дома“.

viktor-apostolovski-za-rodniot-grad-bitola-ima-ogromna-dusha-toa-sekogash-me-vleche-doma-02.jpg

viktor-apostolovski-za-rodniot-grad-bitola-ima-ogromna-dusha-toa-sekogash-me-vleche-doma-09_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg