Дизајнерот Златко Јовановски на одмор во Монте Карло: „Богатите ќе си влезат во јахтите, ние сиромашните ќе си купиме сладолед“
- Детали
- вторник, 19 септември 2023
„Ако ви е здодевно во Монако, шетајте покрај јахтите. Богатите што шетаа ќе влезеа во своите јахти, а ние сиромашните ќе си купиме сладолед“, вели дизајнерот Златко Јовановски, кој веќе неколку дена ужива во Монте Карло.
Модниот дизајнер Златко Јовановски е на летување во Монте Карло. Тој ужива во луксузот на еден од најмонденските градови во Европа – прошетка низ центарот на градот, на пристаништето во познатиот јахт-клуб De Monaco, во ноќни клубови и кабареа, и секако, посети и казино.
Златко не крие колку е воодушевен од Монако и Монте Карло, па деновиве на социјалните мрежи постојано споделува видеа и фотографии од времето поминато таму.
Дизајнерот се пошегува на своја сметка, па додека шеташе покрај скапите јахти, објави видео со порака:
„Ако ви е здодевно во Монако, шетајте покрај јахтите. Богатите што шетаа ќе влезеа во своите јахти, а ние сиромашните ќе си купиме сладолед“, напиша тој.
Златко, кој на патувањето е најчесто облечен во своите креации, откри и дека во ноќен клуб го замениле со еден од изведувачите, бидејќи носел светкав костум.
„Ме прашаа: Дали настапуваш тука?“
Им кажав: Не, не, дојден сум на вечера.“
Златко беше и во казино, но не откри дали се обложувал, што играл и дали освоил нешто или ги загубил парите.