Снеже Велков за родниот град: „Во Македонска Каменица беше радост да се качиш во лифт, има само 4 во цел град“

„Во Македонска Каменица постојат само 4 лифта, по два во секоја 10-катница. Не знаете каква радост беше кога ќе се качиш во лифтот. Стравот беше голем, ама желбата да докажеш дека си храбар - посилна од сè. Лифтовите беа тест за храброст – со тој што се возел нема закачање, а тој што не влегол е плачко“, вели водителката Снеже Велков во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.

snezhe-velkov-za-rodniot-grad-vo-kamenica-ima-samo-4-lifta-borot-na-vlezot-na-gradot-gi-budi-najsrekjnite-i-najtazhni-chuvstva-05.jpg

Водителката Снеже Велков, која е родена во Македонска Каменица, уште од средношколските денови живее во Скопје.

Таа неколкупати годишно го посетува својот роден град и секогаш му се враќа со голема радост.

snezhe-velkov-za-rodniot-grad-vo-kamenica-ima-samo-4-lifta-borot-na-vlezot-na-gradot-gi-budi-najsrekjnite-i-najtazhni-chuvstva-06.jpg

Таму, вели, ја пречекува борчето – дрво што го гледа прво кога ќе дојде дома, а последно кога си оди и кое секогаш ѝ ги носи најсреќните и најтажните чувства.

snezhe-velkov-za-rodniot-grad-vo-kamenica-ima-samo-4-lifta-borot-na-vlezot-na-gradot-gi-budi-najsrekjnite-i-najtazhni-chuvstva-13_copy.jpg

Таа за CRNOBELO.com раскажа и кои се 5-те најубави нешта кои ја врзуваат за Македонска Каменица и го прават градот посебен во нејзините очи:

„Петте нешта што ја прават Македонска Каменица посебна за мене ми се врежани во глава од детството, па денес кога ќе поминам покрај нив ми будат емоции и насмевка на лицето.

snezhe-velkov-za-rodniot-grad-vo-kamenica-ima-samo-4-lifta-borot-na-vlezot-na-gradot-gi-budi-najsrekjnite-i-najtazhni-chuvstva-03_copy.jpg

Прво е борчето - дрво бор кој не знам колку години има, ама отсекогаш стои тука на влезот, однсоно излезот на градот. Тоа е најсреќното, но и најтажното место за многу деца. 

Оттука тргнуваат на школување децата кога заминуваат вo средно или факултет, а тоа значи збогување од дома.

И бидејќи борчето е последното нешто што го гледаш пред да заминеш во големиот град, тогаш е најтажното, ама, пак, е и најсреќното затоа што кога ќе го здогледаш борчето на враќање - знаеш дека си дома.

snezhe-velkov-za-rodniot-grad-vo-kamenica-ima-samo-4-lifta-borot-na-vlezot-na-gradot-gi-budi-najsrekjnite-i-najtazhni-chuvstva-07.jpg

Второ е Кошовето или кошаркарското игралиште кое некако беше собиралиште, некаков центар на случувањата за каменичани.

Едни играа други гледаа, некои тука договараа и љубовни средби.

snezhe-velkov-za-rodniot-grad-vo-kamenica-ima-samo-4-lifta-borot-na-vlezot-na-gradot-gi-budi-najsrekjnite-i-najtazhni-chuvstva-08_copy.jpg

Следно е помошното игралиште, нешто слично како и кошаркарското игралиште, ама малку поскришно и малку повеќе за љубовни средби, отколку за играње.

snezhe-velkov-za-rodniot-grad-vo-kamenica-ima-samo-4-lifta-borot-na-vlezot-na-gradot-gi-budi-najsrekjnite-i-najtazhni-chuvstva-16.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg