Позитива на денот: Танчари од Азија играат на брегот на Охридското Езеро на зајдисонце - минувачите воодушевени (видео)

„Најверојатно се од Кина и играат пред охриѓани и пред туристиве веќе 3 дена по ред на зајдисонце, покрај кејот и прекрасниот поглед кон Охридското Езеро. Респект!“ - пишува на видеото снимено во Охрид, кое предизвика многу позитивни коментари.

pozitiva-na-denot-tancheri-od-azija-igraat-na-bregot-na-ohridskoto-ezero-i-gi-zabavuvaat-minuvachite-video-01.jpg

На Фејсбук страницата „Охриѓани“ е објавено видео на кое десетина танчари од Азија танцуваат на брегот на езерото.

Видеото има преку 45.000 прегледи и е вистинска позитива на денот.

pozitiva-na-denot-tancheri-od-azija-igraat-na-bregot-na-ohridskoto-ezero-i-gi-zabavuvaat-minuvachite-video-02.jpg

„Секојдневието во Охрид не можеш да го сонуваш на други места, а не, пак, да го доживееш.

Батињава најверојатно се од Кина, играат пред охриѓани и пред туристиве веќе 3 дена по ред на зајдисонце, покрај кејот и прекрасниот поглед кон Охридското Езеро. Респект!“, пишува во описот на видеото.

pozitiva-na-denot-tancheri-od-azija-igraat-na-bregot-na-ohridskoto-ezero-i-gi-zabavuvaat-minuvachite-video-06.jpg

Во коментарите велат дека групата не е од Кина, туку од Јужна Кореја и дека севернокорејците играат поубаво.

Видеото собра над 1.200 лајкови, а имаше и забавни коментари.

pozitiva-na-denot-tancheri-od-azija-igraat-na-bregot-na-ohridskoto-ezero-i-gi-zabavuvaat-minuvachite-video-05.jpg

Дел од коментарите:

„Од каде и да се - браво!“

„Фали Коне со касетофонон да им помине за перформансот да е поавтентичен“,

„Така е охриѓани, со прекрасниот поглед кон Струга“,

„Колку степени е езерото? Не се капат Кинезиве“, стои во коментарите.

pozitiva-na-denot-tancheri-od-azija-igraat-na-bregot-na-ohridskoto-ezero-i-gi-zabavuvaat-minuvachite-video-07.jpg

Погледнете го видеото:

Секојдневието во Охрид немојш да го сонвиш на други места а не пак да го доживејш. 😅 Батињава најверојатно се од Кина,перформирет пред охриѓани и пред туристиве веќе 3 дена со ред на зајдисонце покрај кејон на прекрасниов поглед кон Охридско Езеро. Респект!💟💟💟

Posted by Ohrigani on Sunday, September 10, 2023

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
И годинава украсена подводната елка во Охридското Езеро – нуркачите ја посветија на дечињата со ретк... Традиционално, и годинава нуркачките од центарот Амфора накитија елка во водите ...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg