Изјавата на Васил Гарванлиев за Backstage, која предизвика лавина реакции: „Благослов е да си геј во Македонија“
- Детали
- петок, 15 септември 2023
Новата 16-та сезона на единствениот естраден ТВ магазин Backstage започна. Нови рубрики се дел од оваа нова сезона, а една од нив е рубриката „Продолжи понатаму“ во која се започнува реченица, а познатите личности треба да ја завршат.
Во неодамнешното издание на Backstage гостин во рубриката беше Васил Гарванлиев.
Дека неговите одговори се повеќе од интересни покажува и тизерот од емисијата кој што предизвика лавина реакции, коментари.
Што значи да си геј во Македонија, а Васил на тоа одговара дека тоа е Благослов. По ова коментарите не стивнуваат и многумина велат како може тој да зборува за Македонија кога тој воопшто не ни живее тука.
Што друго кажа Васил Гарванлиев погледнете во видеото од емисија на Backstage, која се емитува секој работен ден на Телевизија Телма во 17:55ч.