Ирина Камилоска за одењето на Водно со 3-месечниот син: „Го дојам синот на јавни места, се качуваме повеќе мајки заедно“

На ова, Ирина објави фотографија на која е во седмиот месец од бременоста, искачена на врвот Бајрак, на планината Караџица.

„Ако и претходно си се качувала на Водно, апсолутно треба да продолжиш, намалено темпо, повнимателно да се качување, но не и комплетно да се откажеш од оваа активност.

Бременоста, сепак не е болест“, вели Ирина.

irina-kamiloska-za-majchinstvoto-go-dojam-sinot-i-na-javni-mesta-koga-go-iskachuvame-vodno-ako-na-nekoja-majka-i-treba-pomosh-go-prezemam-bebeto-04.jpg

Имаше и такви што ја прашуваат што ќе се случи ако некоја мајка сака да се откаже.

„Не ѝ даваме да се откаже. На фотографијава, моето бебе е напред во кенгур, а странично носам уште едно бебе.

Имавме ситуација кога една мајка не можеше да се искачи на десетина минути пред крај (ѝ беше прво искачување со бебе) и јас го зедов бебето во мои раце додека таа да се стабилизира за да може да продолжи.

Нема срам. Кој има мака ќе си побара помош. Ние сме 2-3 прилично подготвени мајки и му помагаме секому без задршка“, вели таа.

irina-kamiloska-za-majchinstvoto-go-dojam-sinot-i-na-javni-mesta-koga-go-iskachuvame-vodno-ako-na-nekoja-majka-i-treba-pomosh-go-prezemam-bebeto-07_copy.jpg

Таа доби и неколку прашања поврзани со доењето.

„Како се организирате со доење пред качување?“

„Доаѓаме со бебињата надоени. На Средно Водно пред да тргнеме, повторно ги доиме - тие што дојат на 2 часа.

Ако има бебе што е многу мало и дои на 1 час, штом стигнеме на Средно Водно го ставаме на града и толку. Не е толку комплицирано како што изгледа. Треба само да се опуштите и да излезете од комфор зоната“, пишува Камилоска.

irina-kamiloska-za-majchinstvoto-go-dojam-sinot-i-na-javni-mesta-koga-go-iskachuvame-vodno-ako-na-nekoja-majka-i-treba-pomosh-go-prezemam-bebeto-02.jpg

На прашањето дали го дои бебето и надвор, Ирина вели дека му дава на бебето да цица секогаш кога е гладно, без разлика каде и да се наоѓа.

„Нормално, во ресторан се тргам на страна, не му давам на маса пред сите. Но, животот за нас доилките не може да застане и да сме 24/7 дома.

Доењето е хранење на бебето, кое не разбира кога треба да јаде, туку плаче без да е свесно за околината. Како и зошто да му ускратам хранење на моето бебе доколку сме излезени од дома?“, вели таа.

irina-kamiloska-za-majchinstvoto-go-dojam-sinot-i-na-javni-mesta-koga-go-iskachuvame-vodno-ako-na-nekoja-majka-i-treba-pomosh-go-prezemam-bebeto-08_copy.jpg

Ирина откри дека ѝ пишуваат многу мајки од сите градови. Па една од нив вели:

„Јас сум од Битола, а моето дете има 2 години. Би сакала да имавме една Ирина како тебе. Инспирација си.“

Прочитајте и Ирина Дишовска за мајчинството: „Се породив лесно во Државна болница, го искачив Водно 2 дена претходно, не ми се појавија стрии“

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg