Отворен конкурсот „Скопје на новата генерација“, кој преку млади архитекти и урбанисти има цел да го ревитализира Скопје

По повод 60 години од скопскиот земјотрес, Јуроп хаус го отвора архитектонскиот конкурс насловен „Скопје на новата генерација“ преку кој се повикуваат млади архитекти и урбанисти да оставаат свој белег во архитектурата на главниот град. Ова не е само конкурс за разубавување на градот туку и повик преку кој ќе се подобри пристапот кон заборавените места на градот.

otvoren-konkursot-skopje-na-novata-generacija-koj-preku-mladi-arhitekti-i-urbanisti-ima-cel-da-go-revitalizira-skopje-01.jpg

Целта на конкурсот е да се ревитализираат старите и заборавените простори во Скопје и градот да стане поинклузивен и попристапен за сите.

Покрај придонесот во архитектурата на градот, за победниците ќе следуваат и парични награди. Најдобриот дизајн ќе добие 1.500 евра, второрангираниот ќе добие 800 евра, а третиот 500 евра. Победниците ќе се избираат од група експерти-претставници од реномираните универзитети во Скопје, како што се Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС), МИТ Универзитетот, Факултетот за општествени науки (ФОН) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Делата ќе бидат анонимни, а експертите нема да знаат кој е автор на дизајнот, со што секој учесник ќе има иста шанса за победа.

Што се однесува до датумите, заинтересираните ќе можат да се пријавуваат од 4 септември 2023 година преку официјалната интернет-страница на Јуроп хаус www.euhouse.mk, а крајниот рок за учество е 22 октомври 2023 година. Доколку некој од заинтересираните за конкурсот има прашања, ќе има можност да ги постави до 18 септември 2023 година, а сите одговори јавно ќе бидат објавени на 25 септември 2023 година. Главниот настан и церемонијата на прогласување на победниците и изложбата на делата ќе се одржи на 13 ноември 2023 година.

Доколку сакате да бидете дел од иднината и да придонесете за Скопје да стане подобро место за живеење, еве ја вашата можност. Ајде заедно да го направиме Скопје поубаво место за живеење и да оставиме добри дела на генерациите кои доаѓаат по нас.

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
10 локали во Скопје, совршени за летно освежување со коктели Наместо со грч ладно пиво, зошто од летните горештини да не се освежите со добар...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg