Македонката со забавни јазични видеа повторно го воодушеви светот и е хит на Твитер - најмногу пофалби има од Турците

„Сите акценти се точни, звучи исто како некои мои пријатели од други земји“ – стои во еден од коментарите до најновото видео што Теона Сима го објави на Инстаграм, а во кое зборува на англиски јазик со различни акценти. Видеото за брзо време стана вистински хит и на Твитер, а најмногу пофалби доби од Турците.

makedonkata-so-zabavni-jazichni-videa-hit-i-na-tviter-najmnogu-pofalbi-dobi-od-turcite-01_copy.jpg

Откако ги освои Инстаграм и ТикТок, забавните видеа на девојката која имитира различни акценти, Теона Сима, станаа вистински хит и на Твитер.

Теона Сима на Инстаграм и на ТикТок е позната како @thelanguageblondie, а на својот Инстаграм профил објави видео во кое раскажува зошто е возбудена да се врати на универзитет, при што, постојано го менува акцентот на англискиот јазик.

Станува збор за видео предизвик, во кое нејзините пријатели ѝ задаваат задачи да почне да зборува со различен акцент.

„Сосема случаен предизвик со акценти, затоа што сакам да правам такви видеа. Целиот монолог е за тоа зошто сум возбудена да се вратам повторно на универзитет“ – напиша таа до видеото.

View this post on Instagram

A post shared by The Language Blondie (@thelanguageblondie)

Видеото стана хит и на социјалната мрежа Твитер.

„Неверојатно. Таа го прилагодува англискиот акцент за да се прилагоди на јазиците од повеќе земји“ – стои во еден од твитовите, a најмногу пофалби доби од Турците, кои коментираат дека навистина го зборува англискиот јазик како вистинска Турчинка, кога говори на англиски со турски акцент.

Прочитајте и Вирален хит: Македонка во забавно видео покажа како звучи нашиот јазик со различни странски акценти

Инаку, Теона, благодарение на забавните видеа што ги објавува, за многу кратко време на својот Инстаграм профил успеа да собере над 530.000 следбеници, а во интервју за CRNOBELO.com откри дека течно зборува 5 јазици, разбира и води разговор на уште 3, а може да звучи како да ги зборува течно уште 5.

„Англискиот го усовршив на факултет бидејќи студирам на англиски, францускиот го усовршив во средно училиште бидејќи учев во француската билингвална паралелка во СУГС „Орце Николов“ и одев на курс за ниво Ц1, а бугарскиот го научив бидејќи живеам во Бугарија. За сите други јазици сум самоука“ – ни откри таа.

Целото интервју со Теона, можете да го прочитате ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Хит видео на Македонка: Кога ќе го прашам сопругот што сака за ручек, па ќе му зготвам едно „не знам... Ивана од Прилеп, откако се избори со ракот, снима забавни видеа. Последното глас...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg