Марјана Станојковска блесна на Охрид Фест, Јелена Спенџарска со мајка ѝ и баба ѝ на свадба: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 04 септември 2023
Аделина Тахири со сестра ѝ на плажа покажа дека гените се чудо, Марјана Станојковска и Васил Зафирчев одржаа лекција по елеганција како домаќини на интернационалната вечер Охрид Фест, Каролина покажа дека е вистинска дива во секое издание, а Јелена Спенџарска откри дека баба ѝ Нада за првпат дошла во нејзиниот стан, кој таа си го купи во Скопје, па таа никогаш не била повозбудена.
Каролина Гочева и Тамара Тодевска интензивно настапуваат периодов, а Марјана Станојковска на својот Инстаграм профил напиша:
„Чест ни е што и оваа година заедно со Васил Зафирчев бевме ваши домаќини на интернационалната вечер на „Охрид Фест 2023” каде ни гостуваа големи регионални музички имиња кои нè вратија во минатото, потсетувајќи нè на убави мигови и нивните безвременски хитови.
Токму со хитот „Свет је леп“, изведен од групата Пилоти и легендарниот Кики Лесандриќ одлучивме да ја започнеме фестивалската вечер од 30-тото јубилејно издание на Охрид Фест –Охридски Трубадури“.
Јелена Спенџарска откри дека баба ѝ Нада за првпат дошла во нејзиниот стан, кој таа си го купи во Скопје, па таа никогаш не била повозбудена. По темелното чистење и пречек на баба си, тие двете заедно отишле на свадба.