Катарина Ивановска, Милена Антовска: Кои наши познати личности ги однесоа своите првачиња во училиште?

Прваче колаче... Први септември е денот и кога голем број деца и внуци на познатите Македонци седнаа за првпат во училишните клупи. За многумина ова беше ден полн со емоции, а фотките од првиот училиштен ден ги споделија на социјалните мрежи.

katarina-ivanovska-milena-antovska-koi-nashi-poznati-lichnosti-gi-odnesoa-svoite-prvachinja-vo-uchilishte-01.jpg

Први септември – денот кога учениците се враќаат во училишните клупи носи посебна радост и возбуда и кај децата, и кај родителите, но и кај наставниците, а се чини дека најмногу се радуваат родителите на првачињата, на кои им започнува едно сосема ново поглавје во животот.

Познатите македонски личности денес на социјалните мрежи споделуваат фотографии од носењето на нивните деца во училиште, а дел од нив упатија и емотивни пораки до своите деца и внуци – првачиња.

Кои познати Македонци годинава за првпат ги испратија своите деца до училишните клупи?

Димитар Андоновски

„Михаил прваче. Среќно и со успеси синко“ - напиша до фотографиите објавени на Фејсбук, Димитар Андоновски.

Михаил прваче❤️Среќно и со успеси синко✨️

Posted by Dimitar Andonovski on Friday, September 1, 2023

Милена Антовска Станковска

Нашата водителка Милена Антовска сподели неколку фотографии на Инстаграм Стори од ќерката Лана Марија, која годинава е прваче.

poznatite-makedonci-denes-gi-odnesoa-za-prvpat-svoite-prvachinja-vo-uchilishte-foto-03.jpg.jpg

Маја Кикириткова

„Прваче колаче. Мора вакви слики да стојат на Инстаграм“ – напиша Маја Кикириткова.

Биба Додева

„Бабино прваче“ – напиша Биба Додева до фотографијата на која е заедно со ќерката Емануела и внукот Хумберто Александар.

poznatite-makedonci-denes-gi-odnesoa-za-prvpat-svoite-prvachinja-vo-uchilishte-foto-05.jpg_copy.jpg

Евгенија Марковска

Синот на поранешната мисица Евгенија Марковска и професорот Вело Марковски, годинава е прваче.

poznatite-makedonci-denes-gi-odnesoa-za-prvpat-svoite-prvachinja-vo-uchilishte-foto-04.jpg.jpg

Катарина Ивановска

Прваче е и синот на нашата најпозната манекенка Катарина Ивановска, Вања.

katarina-ivanovska-milena-antovska-koi-nashi-poznati-lichnosti-gi-odnesoa-svoite-prvachinja-vo-uchilishte-06.jpg

Бојана Скендеровски

„Среќно мамина! Биди добра и верна другарка,секогаш гладна за знаење,почитувај ги наставниците,и имај незаборавен период од твоето школување!“ - ѝ порача нашата пејачка Бојана Скендеровски на ќеркичката Искра.

https://www.instagram.com/p/CwpPp9sMJyy/?img_index=1

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Игор Џамбазов со семејни фотки од 1970-тите, Дарко Илиевски чека второ дете: Што прават македонските... Васил Зафирчев ја најави новата сезона на „Преспав“, тенисерот Калин Ивановски в...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Актерот Кирил Андоновски наполни 82 години - прослави со внукот и сладолед наместо торта „На нашиот вечно млад, витален, лесен како пердувче, легендарен и премногу тален...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg