Потег за поздрав! Македонска фитнес инструкторка нуди бесплатни тренинзи за заболените од рак

„До оваа идеја дојдов откако прочитав една статија поврзана со важноста на вежбањето за време на хемотерапија“ - открива за CRNOBELO.com, нашата фитнес инструкторка Александра Оровчанец која започна хумана акција за бесплатни тренинзи со цел да им помогне на лицата што во моментов ја водат најтешката битка за животот и се обидуваат да го победат ракот.

poteg-za-pozdrav-makedonska-fitnes-instruktorka-im-nudi-na-zabolenite-od-rak-besplatni-treninzi-01.jpg

Македонската фитнес инструкторка Александра Оровчанец и сопственичка на фитнес студиото Ana Fit на својот Инстаграм профил објави дека се вклучува во хумана акција со цел да им помогне на сите лица заболени од рак, кои со моментов се лекуваат со помош на хемотерапија.

„Поради многуте придобивки од вежбањето за време на хемотерапија, сите болни од рак (за време на лекувањето) сега ќе вежбаат бесплатно во Ana Fit“ – вели таа.

Во продолжение појаснува дека дел од придобивките од редовното вежбање кај пациентите заболени од рак се:

  • Помало оштетување на срцето;
  • Намалување на чувството на замор;
  • Намалување на болката и гадењето, подобрување на менталното здравје, како и 100.000 други причини.

Инаку, Александра е дипломиран Професор по физичко и здравствено образование на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје во Скопје.

Таа е и државна рекордерка на Македонија во атлетските дисциплини 3.000 метри стипл, штафета 400×300×200×100 метри и штафета 4×300метри. Поседува бројни сертификати од многу семинари одржани во Македонија, во Србија и во Словенија.

Во изјава за CRNOBELO.com, Александра ни откри дека до идејата за оваа хумана акција дошла откако прочитала една статија за тоа колкави се придобивките од вежбањето кај луѓето заболени од рак.

„До оваа идеја дојдов откако прочитав една статија поврзана со важноста на вежбањето за време на хемотерапија и после оваа статија направив поголемо истражување и дојдов до заклучок дека на сите пациенти со хемотерапија мора да им се овозможи  бесплатно вежбање.

Дополнително бидејќи сите тренинзи се со физичко присуство и онлајн истовремено, од сите градови ќе можат да се приклучуваат и да вежбаат“ - вели таа.

poteg-za-pozdrav-makedonska-fitnes-instruktorka-im-nudi-na-zabolenite-od-rak-besplatni-treninzi-02.jpg

Нејзината акција е поздравена од нејзините следбеници и доби голем број лајкови и позитивни коментари.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Александра Јанева на момински викенд во Белград: „Ми дојдоа другарки што живеат во САД и Европа, си ... Откако лани во ноември пејачката кажа ДА на патувањето во Париз со своето момче,...
Први фотки од свадбата на пејачката Александра Јанева - Невестата носи венчаница со смело деколте, ... Традиционална свадба со трубачи, бела венчаница и букет од бели рози. Пејачката ...
Александра Јанева на меден месец на Малдиви: Плива со ајкули, ужива на плажа со коктели „Се смеам, ама од ражите ми беше повеќе страв“, напиша Александра на Инстаграм, ...
Александра Јанева на роденденско патување во Хрватска со саканиот, кој ја запроси во Париз (фото) „Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша пејач...
„Бог знае колку им требаше на нашите срца“ – Александра Шијакоска сподели нови фотки од трудничката ... „На сите им покажавме и докажавме дека нашата љубов е посилна од која било предр...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg