Фудбалерот Дарко Глишиќ за CRNOBELO: „Пожарот беше и во моето родно место Мршевци, покрај Ајватовци - излегов на терен да помогнам“
- Детали
- вторник, 29 август 2023
„Пожарот беше во моето родно место, село Мршевци, но беше зафатено и селото Ајватовци. Беше напорно, тешко и навистина исцрпувачки... Пожарот траеше 2 дена, но благодарение на тоа што сме сплотени и што излегоа многу жители од Мршевци, Бујковци, Дељадровци, Бучинци и Ајватовци успеавме да го изгаснеме...“, вели Дарко Глишиќ (31) за CRNOBELO.com.
Дарко Глишиќ (31) е наш професионален фудбалер, кој изминативе денови (26.08/27.08) беше потресен, како и сите ние, од големите пожари во скопско.
Во пожарите беше зафатено и неговото родно место селото Мршевци, кое е на околу 4 километри од исто така опожареното село Ајватовци.
Но, Дарко не седеше со скрстени раце, туку заедно со своите другари излезе на терен да им помогне на пожарникарите.
Тој за CRNOBELO.com открива:
„Пожарот беше во моето родно место, село Мршевци, но беше зафатено и селото Ајватовци, па сите заедно излеговме организирани и успеавме да го изгасиме пожарот.
Беше напорно, тешко и навистина исцрпувачки... Пожарот траеше 2 дена, но благодарение на тоа што сме сплотени и што излегоа многу жители од Мршевци, Бујковци, Дељадровци, Бучинци и Ајватовци успеавме да го изгаснеме.
Имаше и 2 хелокоптери, кои земаа вода од браната Бучинци и пожарни возила од Скопје, Окта и Свети Николе.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело / фото: приватна архива