Летните фотки од одморот на Пере од „Нокаут“ со 4-те ќерки, од двата брака, се позитива на денот
- Детали
- петок, 25 август 2023
Пере од „Нокаут“ уште еднаш докажа дека е татко за медал! Со сите 4 ќерки на одмор, тој зрачи со љубов и исполнетост. Најмалата ќерка Ирис има само неколку месеци.
„Миа, Каја, Софи и Ирис, одмор со моите 4 омилени“, напиша Пере од Нокаут во описот на фотографијата од одморот со 4-те ќерки.
Миа (односно Михаела) и Каја му се ќерки од првиот брак, а Софи (односно Софиа) и Ирис од вториот, но сите тие се неверојатно блиски меѓусебе и се речиси неразделни.
Па, таква беше и ситуацијата на заедничкиот летен одмор годинава, од каде Миа објави низа заеднички фотки, кои зрачат со љубов и топлина.
Пере со сопругата Јована ја доби најмалата, четврта, ќерка Ирис во јуни годинава.
Фотографии од летниот одмор на Пере:
С. С. | Црнобело