Лила Филиповска и Биг Мама уживаат во луксуз во Дубаи - играа боси на јахта, посетија хотел со 7 ѕвезди
- Детали
- четврток, 24 август 2023
„Во Дубаи само небото е граница“, вели водителката и пејачка Биг Мама, која заедно со Лила Филиповска се забавува во еден од најпопуларните светски градови. Лила се одлучи за розови бикини, а Биг Мама за црни монокини.
Водителките и инфлуенсерки Лила Филиповска и Биг Мама се во Дубаи од каде што веќе неколку дена покажуваат како уживаат во луксузот на градот.
Тие овојпат го посетија хотелот со 7 ѕвезди „Burj Al Arab“ и се воодушевија од ентериерот и раскошот што го нуди тој. Луксузниот хотел со својата височина од 321m, е четвртиот највисок во светот. Во внатрешноста доминира златото, па каде и да се свртите ќе ве пречекаат огромни златни столбови или по некој златен детаљ.
Изграден е на вештачки остров, а со копното е поврзан преку приватен мост. Оваа величествена градба наликува на бродско едро.
Тие пливаа и во највисокиот бесконечен базен во светот, кој има неверојатен поглед на „Палмата“, играа боси на забава на јахта, а беа и на забава во мексикански ресторан со традиционална музика и танцување.
„Само здравје, што повеќе патувања, неколку добри луѓе и мнооогу забава“, напиша Лила на едно од видеата.
Најдоа време и за на плажа, а Лила објави фотка во розови бикини и повторно покажа дека изгледа одлично.
„Во Дубаи само небото е граница“ вели Биг Мама.
Двете дами привлекоа многу внимание со фотките и видеата, а следбениците не пропуштија да ги пофалат.
„Уживај, секогаш си инспирација“, „Прекрасни жени“ – се дел од коментарите.
Лила често патува во Дубаи, па и овојпат пред тргнување објави видео и се пошегува дека по којзнае кој пат оди таму, но и покрај тоа градот има нешто ново со што ја изненадува.