Македонка што живее во Нов Зеланд: „Го изгубив телефонот во Скопје и ќе кажам дека најчесните луѓе живеат тука“

„Браво мои Македонци, горда сум, иако живеам надвор сепак сум дел од вас убави луѓе!“, вели Весна Апостолова, која од Нов Зеланд дошла во Македонија и се соочила со немил настан, кој среќно завршил.

makedonka-shto-zhivee-vo-nov-zeland-go-izgubiv-telefonot-vo-skopje-i-kje-kazham-deka-najchesnite-lugje-zhiveat-tuka-01.jpg

Весна Апостолова е Македонка која години наназад живее во Нов Зеланд, но летово е дојдена во Македонија на посета.

Среде сите убавини кои ја дочекале тука, била ѝ една мала стресна ситуација, која за среќа одлично се завршила и ја потсетила колку добри луѓе се всушност Македонците.

Нејзината Фејсбук објава за настанот, за која даде дозвола да ја пренесеме на CRNOBELO.com, говори за тоа како го заборавила телефонот на клупа кај матично во Скопје и колку бил грижлив кон неа чесниот пронаоѓач.

Објавата на Весна ни ја враќа вербата во Македонците, во време кога како само да знаеме да фрламе отровни стрелички еден кон друг и немаме збор за пофалба.

Нејзината објава гласи:

„Најчесните луѓе сепак живеат во Македонија. Го заборавив телефонот на клупа пред матично, а чесниот пронаоѓач грижливо го чуваше додека лично не ми го предаде.

Не сакаше да прифати ниту пари што му понудив да се почести.

makedonka-shto-zhivee-vo-nov-zeland-go-izgubiv-telefonot-vo-skopje-i-kje-kazham-deka-najchesnite-lugje-zhiveat-tuka-03.jpg

Напротив, инсистираше да седнам во кафулето кадешто го најдов, да ме почести пијалак, ме виде под каков стрес бев.

makedonka-shto-zhivee-vo-nov-zeland-go-izgubiv-telefonot-vo-skopje-i-kje-kazham-deka-najchesnite-lugje-zhiveat-tuka-02_copy.jpg

Браво мои Македонци, горда сум, иако живеам надвор сепак сум дел од вас убави луѓе!“

makedonka-shto-zhivee-vo-nov-zeland-go-izgubiv-telefonot-vo-skopje-i-kje-kazham-deka-najchesnite-lugje-zhiveat-tuka-05.jpgФејсбук скриншот, направен со дозвола за CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg