Григор ја запроси саканата Елеонора на дното од Охридското Езеро при нуркање (фото+видео)

„Се познаваме 12 години, учевме заедно во средното медицинско училиште и студиравме на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во врска сме 4 години, пред тоа бевме добри другари“, открива за CRNOBELO.com Григор Манев (28), стоматолог од Скопје, за запросувањето на својата сакана, за кое вели дека знаел дека сака да биде при нуркање уште кога имал само 15 години.

grigor-ja-zaprosi-sakanata-eleonora-na-dnoto-od-ohridskoto-ezero-pri-nurkanje-foto-video-01.jpg

Григор Манев (28) стоматолог од Скопје ја запроси својата сакана Елеонора Павловиќ (26), исто така стоматолог од Скопје, во Струга, при нуркање во Охридското Езеро.

За CRNOBELO.com тој открива детали за нивната љубовна приказна и запросувањето:

„Се познаваме 12 години, учевме заедно во средното медицинско училиште и студиравме на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Во врска сме 4 години, пред тоа бевме добри другари.

grigor-ja-zaprosi-sakanata-eleonora-na-dnoto-od-ohridskoto-ezero-pri-nurkanje-foto-video-02.jpg

Запросувањето се случи под вода на дното на Охридското Езеро, а сето тоа го организираше тимот на „Diving center Scout Struga“, на кои сум посебно благодарен. Без нив не би можел да ја остварам мојата замисла.

grigor-ja-zaprosi-sakanata-eleonora-na-dnoto-od-ohridskoto-ezero-pri-nurkanje-foto-video-04.jpg

Идејата за запросување при нуркање беше лично моја, тоа си го имав замислено уште пред 13 години, на само 15-годишна возраст.

Искрено, се плашев да не рече девојката дека ќе ги фрли и пераите и сѐ, но излезе подобро од очекуваното, затоа што имаше добра организација и тројца инструктори коишто нуркаа со нас.

Нуркавме за првпат, па пред да влеземе, имавме обука.

grigor-ja-zaprosi-sakanata-eleonora-na-dnoto-od-ohridskoto-ezero-pri-nurkanje-foto-video-07.jpg

Прстенот беше долу на земја, покриен со табла со натпис и со олово и со камен.

Ја тргнав таблата и така ја запросив под вода, потоа се возевме со глисер, се капевме на место со кристално чиста вода, пиевме шампањско и се забавуваме тука веќе неколку дена.

Бев многу изненаден како двајцата се снајдовме со нуркањето. Од нејзина страна ми беше страв да не се откаже, но баш е борец, издржа до крај и одлично ме изненади“.

grigor-ja-zaprosi-sakanata-eleonora-na-dnoto-od-ohridskoto-ezero-pri-nurkanje-foto-video-08.jpg

grigor-ja-zaprosi-sakanata-eleonora-na-dnoto-od-ohridskoto-ezero-pri-nurkanje-foto-video-09.jpg

grigor-ja-zaprosi-sakanata-eleonora-na-dnoto-od-ohridskoto-ezero-pri-nurkanje-foto-video-05.jpg

grigor-ja-zaprosi-sakanata-eleonora-na-dnoto-od-ohridskoto-ezero-pri-nurkanje-foto-video-06.jpg

grigor-ja-zaprosi-sakanata-eleonora-na-dnoto-od-ohridskoto-ezero-pri-nurkanje-foto-video-03.jpg

Видео од запросувањето:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
И годинава украсена подводната елка во Охридското Езеро – нуркачите ја посветија на дечињата со ретк... Традиционално, и годинава нуркачките од центарот Амфора накитија елка во водите ...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ико од Скопје ја запроси саканата Марија во Торино: Латици од рози, свеќи и солзи радосници „Не очекував да ме запроси на ова патување, па кога ми ја стегна раката и кога г...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg