Вирално видео: Македонка „презентира вести“ на 8 јазици и го насмеа регионот
- Детали
- четврток, 10 август 2023
„Во живо за BBC News ја имаме Теона Сима, која е испратена во Скопје за да известува за ситуацијата. Теона, дали се слушаме?“ – вели во новото вирално видео Македонката Теона и на забавен начин „презентира вести“.
Македонката Теона која на Инстаграм е потпишана како The Language Blondiе, со ново видео ги расположи своите следбеници од регионот.
Откако неодамна на забавен начин покажа како звучи македонскиот јазик со различни акценти, таа сега се стави во улога на презентерка на вести од различни држави и на 8 јазици, со совршен акцент ја коментира моменталната ситуација во светот.
„Добровечер во дневникот на РТС, јас сум Ана Стојановиќ, ова се најважните вести на денот“ – почнуваа таа на српски јазик.
„Државната метеоролошка агенција активираше портокалово предупредување поради високите температури и топлотниот бран“ – продолжува на шпански јазик.
„Во живо за BBC News ја имаме Теона Сима, која беше испратена во Скопје за да известува за ситуацијата. Теона, дали се слушаме?“ – вели со совршен британски акцент.
Теона тука прави кратка пауза, како да има проблеми со приемот на звукот, па одговара:
„Така е Таци, во моментов се јавуваме во живо од Управата за хидрометеоролошки работи, каде што надлежните потврдија дека ќе се вариме уште 20 години. За Сител телевизија, Теона Сима“.
Младата девојка коментира и на турски, француски, бугарски јазик, а го завршува своето забавно видео со имитација на грчката презентерка на временска прогноза, Елени Цолаки, која пее, игра и скока, додека во утринска емисија кажува какво ќе биде времето во земјата.
Погледнете ја новата објава на Теона:
Прочитајте и Вирален хит: Македонка во забавно видео покажа како звучи нашиот јазик со различни странски акценти
А. Ј. | Црнобело